ЈАДАТ ЖИВИ ЛУЃЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА, КАКО ШТО НАЈАВИ НИВНИОТ ПАРТИСКИ ШЕФ: Додека администрацијата брутално се партизира, Роберт Поповски сее магла!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДС и Дамјан Манчевски за само 100 дена целосно ја партизираа администрацијата. Од таму велат дена наместо стручни и проверени кадри на раководните места поставија партиски послушници и таканаречени граѓански активисти. Од партијата велат дека згора на тоа генералниот секретар на владата Рашкоски опточна со силно деградирање и дискриминација на вработени кои се дел од немнозинските етнички заедници.

-Се остварува планот на Заев дека кога ќе дојдат на власт ќе ги сменат сите способни кади и ќе ја партизираат администрација од чистачка до министер, јадејќи живи луѓе. Во новата администрација место се најде за таканаречените шарени платеници. Замир Мехмети од шарен платеник, Заев го направи член на Одборот на директори на Телеком. Влатко Васиљ и Бубо Каров се сместија во владата. Петрит Сарачини, Бојароски, Нора Шаќири, Дарко Лешоски исто така најдоа место во новата администрација. Само ново 40 сетината вработени во измисленото министерство на продавачот на магла Попоски државата ја чинат половина милион евра годишно, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од најбројната партија во Собранието обвинуваат дека СДС не чекаа ниту 100 дена да ги сменат на незаконски начин сите членови на управни и надзорни одбори.

-СДС за директор на Ансамблот Танец постави човек со завршено средно градежно образование. Мила Царовска во кратка и нелегална постапка разреши 18 директори на меѓуопштински центри за социјална работа. Ова е се само не е професионална администрација. Манчевски ја спроведува чистката нарачана од Зоран Заев. Ваквите политики на СДС и Дамјан Mанчевски во администрацијата ќе бидат казнети на 15 октомври, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This