April 23, 2024, 10:42 am

ЈАДЕШЕ АЈВАР И ПИEШE PAКИЈА: Холивудскит актер Кевин Спејси гостин во ресторанот на Новак Ѓоковиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Холивудскиот актер Кевин Спејси веќе три дена е во Белград, а сношти беше гост на семејството Ѓоковиќ во нивниот ресторан на Нов Белград.

Кевин во ресторанот пристигнал во друштво на братот на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Тие уживале во домашна храна и разговарале за хуманитрани работи.

Актерот бил љубезен и разговарал со вработените во ресторанот. Сите кои посакале да се фотографираат тој им ја исполнил желбата. Кевин исто така уживал во чорби и ајвар.

Популарниот американски актер пиел жолта ракија и кисела вода, и изгледа дека ова машко друштво и тоа како се опуштило и не внимавало на погледите кои им биле упатувани од страна на луѓето кои биле во локалот.

Меѓутоа, по одредено време ги спуштиле ролетните од ресторанот за да не го фотографираат Кевин.

Ѓорѓе и Кевин го спомнале и Новак и неговите навики за исхрана додека сите кои биле на масата разговарале за работа, филмови и други интересни теми.

Менаџерот на Кевин исто така бил со познатиот актер, а од ресторанот излегле со подароци спакувани во брендирани кеси со ликот на Новак.

За потсетување, во 2013 година, актерот му правеше друштво во соблекувалната на Новаќ Ѓоковиќ, му честиташе за победата и направија заедничко селфи со пехарот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This