ЈАДРАНКА БИБАН НЕМАЛА ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА: Жената која се претставува како докторка и зборува против вакцини лажно се претставува како лекар!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лекарската комора реагира на јавните настапи на Јадранка Бибан која се преставува како лeкap и зборува против вакцините, а нема валидна лиценца за работа. Од комората потенцираат дека Бибан нема поднесено барање за обнова на лиценца, нема право да работи во здравствена дејност и да работи со пaциeнти. Со тоа сметаат од Лекарската комора дека им се прави огромна штeтa на здpaвjeто на пациентите. Соопштението го обајвуваме во целост.

„ Како Лекарска комора дозволете да Ви укажеме дека најocтро реагираме во врска со настапите на поединци во медиумите со кои тие претставувајќи се како доктори му нанесуваат ненадоместлива штeтa на националното здравје. Последниот таков случај беше настапот на г-ѓа Јадранка Бибан на една од националните телевизии на 27. февруари годинава. Како поклоници на Хипократовата заклетва останавме вчудоневидени од се она што го кажа почитуваната гостинка, од која можевме да чуеме се и сешто, само не аргументи, факти и медицина базирана на докази. Ваквата наша реакција дополнително ја наметна и тоа што почитуваната гостинка “нејзините лични погледи” ги презентира дури и за вакцините (најголемата придобивка на современата медицина), а виpуcите ги окарактеризира како “информации”. И сe тоа во услови на епидемија на морбили ( имавме и смртни исходи ), сериозно заболување со кое се соочуваме поради невакцинирањето на најмладата популација, нешто што е последица и на ваквите антивакцинални активисти.

Г- ѓа Јадранка Бибан во текот на целата емисија беше претставувана како доктор , специјалист. Таа и во изјавите истапуваше од оваа позиција.

Без никава намера да се мешаме во уредувачката политика на медиумите, Лекарската комора има обврска да Ве извести дека:

Г-ѓа Јадранка Бибан според податоците во нејзиното досие во Регистерот на доктори има завршено медицински факултет и специјализација по гинекологија и акушерство и е заведена во 1998 година.

Меѓутоа, г-ѓа Бибан нема поднесено барање за обнова на лиценца, односно нема право да работи во здравствена дејност и нема право да работи со пациенти, односно не ги исполнува условите кои се речиси идентични во целиот свет, па и кај нас, за некој да работи со пациенти, односно да се бави со медицина, наука која секојдневно прави големи исчекори во сите области.

Настапите на ваквите лица по својот карактер по многу нешта влегуваат во категоријата на она што е во спротивност со сите медицински сознанија и прават огромни штети по здравјето на пациентите. Дотолку повеќе што сето тоа е во спротивност на етичките и дентолошките норми кои се основа на докторската професија.

Од тие причини веруваме дека како медиуми во иднина ќе ги имате предвид наведените факти за г-ѓа Ј. Бибан, но и за сите други кои со своите настапи ја дезинформираат јавноста, пласираат полувистини и невистини и го загрозуваат националното здравје“, се вели во соопштението од Лекарската комора.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This