Јакимовски: Горски вијенац од Илинденска бб

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Некои медиумски платеници на актуелната влада дебаклот на Зоран Заев на дуелот со Христијан Мицкоски на 24 Вести се обидуваат да го престават како службено добиен резултат, пишува на Фејсбук Претседателот на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ – Стевчо Јакимовски.

Замислете: службено добиен резултат“!

Како што тие велат кај Заев била сигурна ситуацијата зошто што си гледал тоа и си плаќал. Се било на излог. Кај Мицкоски пак се било скриено како договор на одредено време ама без право на рекламација. Покрај тоа Мицкоски неуспешно се обидувал да ги опструира агендите на Заев и неуспешно ја реформирал ВМРО ДПМНЕ, а што се однесува на видео снимката со Дака кажуваат дека Дака дал демант и дека ги дал парите кон крајот 2016 година односно во времето на Груевски.

Се прашувам дали си веруваат и самите во тоа што го зборуваат. Од кој ли чај пијат наутро што им го прави животот толку среќен и дури понекогаш посакувам од истиот чај и ние да пиеме за да го почуствуваме нивното задоволство.

Дака вели парите ги дал на крајот од 2016 година а Груевски не е премиер од 15 јануари истата таа година. Си поднесе оставка се секавате? Стапи на сила пржинската влада. Изборите беа распишани на 10 октомври а се случија на 11 декември, што значи кога Дака ги давал парите никој во владата не можел да превземе обврска дека било кому ќе заврши некоја работа затоа што во тој момент таа само извршува техничка работа, односно само да ги спроведе изборите. Техничката влада не може ни да распишува огласи, да доделува земјиште, да купува, да продава, да доделува концесии и тн. Сето ова укажува дека паричките се дадени како аванс „за боља времена“ а веројатно за подршка на изборната кампања на СДСМ.

Второ, демек кај Заев тоа што гледаш на излог тоа плаќаш, во изборната кампања во 2016-та колку што се сеќавам двојазичноста не беше во излогот, ниту промена на името, индентитетот, уште помалку откажување од македонското малцинство во соседството а за тргувањето со јазикот не ни било ни на крај памет а уште помалку промена на устав. Значи Заев е трговец кој на излог има едно а главните артикли му се под тезга. Што се однесува за нереформирањето на ВМРО ДПМНЕ не ми е јасно зошто за реформи во туѓа партија се заинтересирани во СДСМ. Ова ми личи на жирафа која јаде во еден двор а млекото го дава во друг.

А трето, што се однесува до опструкциите на Заевите агенди па опозицијата не служи да дава подршка на владини ветувања туку напротив нивно разобличување.

Рекетарските афери а сообено оваа со Дака не ги пласираат медиумите туку зборува аудио снимката со јасна назнака дека треба да се оди кај Рашковски и да се „баци рака“ за референдумот а кутриот Дака вели „ви мене намештате једно другоме“.

Што се однесува до демантот на Дака очигледен е провладиниот вординг – македонски напишан на ул. Илинденска бб, а демантирачот е притиснат само да го препарати напишаниот текст до медиумите. Видете ја конструкцијата на речениците! Чисто македонска – „нијесте могли да препознате црногорски говор и Његошев стил изражавања“. Жалам ама така е, од сателит се гледа а се гледаше и огромната нервоза кај Зоран Заев и смиреноста и аргументираноста на Христијан Мицкоски кој покажа дека владее со ситуацијата.
Што се однесува до резултатот дуелот во регуларно време заврши со 3:0 за Мицкоски. А како по обичај симпатизерите на СДСМ сакаат мечот да го добијат службено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This