Јакимовски: Додека градоначалниците од опозиција добиваат kpивични за садење цвеќиња, Арачиново директно го оштeтува буџетот и нема да одговара….

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, на социјалните мрежи регираше за веста дека во Арачиново жителите не плаќале данок на имот. Јакимовски

ЈА ОТКРИЛЕ АМЕРИКА.
Силната невладина организација на Герман Филков направила истражување во кое констатирала дека Арачиново не си го собирала данокот на имот. Смешно!
Имам едно прашање до Државниот завод за ревизија и не само за Арачиново туку за секоја општина која не го наплаќа данокот на имот. Тоа е ненаплатено побарување.
Како на пример некој да треба да плати комуналии за градежна дозвола, а не платил, а вие сте му издале одобрение за градба. Ќе бидете ли кривично гонет?
Па ќе бидете 102,6%!
Како може за не наплата на едно побарување да одговараш кривично а за побарувањето на данок по основ на имот да не одговараш.
Законодавецот им дал право на градоначалниците за годината која што е измината а тоа е од 01.01. наредната година да извршат присилна наплата преку трансакциските сметки.
Дали е јасно на јавноста за еден четиригодишен мандат на еден град или на сите заедно доколку не извршиле присилна наплата, за колку мил евра ги оштетиле општинските буџети. Така е, и така треба да продолжиме.
Градоначалниците од опозицијата ќе одговараат за садење цвеќиња по Партизанска, за изградени општински бараки, ќе добиваат измислени кривични пријави, а претставниците на власта на нанесена директна штета на буџетот на локалната самоуправа и тоа по непосредна нивна вина, нема да одговараат. Само така продолжете!
Вие од Државен завод за ревизија, Антикорупциска и останати органи на прогон, Герман Филков само ќе ви констатира, за наводно да ја зголемува граѓанската свест и да ги оправда парите што ги добила неговата невладина организација.
Со ваква анализа и пријава до обвинителство треба да излезе Државен завод за ревизија а не невладина организација само да констатира за да свеста им била поголема на Арачиновци.
Но проблемот е што и не се само Арачиновци. Ги има многу!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This