ЈАКИМОВСКИ НА РАСПИТ ВО КРИВИЧЕН: Од утринава лидерот на ГРОМ на распит пред истражен судија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-градоначалникот на општина Карпош и лидер на политичката партија ГРОМ, од утринава е на распит пред истражен судија во Кривичниот суд во Скопје, откако вчера беше лишен од слобода во 23.30 часот

 

– Стевчо Јакимовски синоќа околу 23 и 30 минути е лишен од слобода. Согласно Законот за кривична постапка течат роковите и во наредните 24 часа тој треба да биде изведен пред судија на претходна постапка. Дотогаш тој ќе биде во полициска станица. Очекуваме утрово да бидеме повикани пред судија на претходна постапка кога ќе се знае дали ќе има некакви предлог мерки од обвинителството и другите надлежни органи, изјави адвокатот на поранешниот градоначалник, Виктор Цветковски.

Јавноста, но и адвокатот на Јакимовски сметаат дека се работи за политичка хајка поради политичкото делување на Јакимовски пред најавениот референдум за договорот за промена на името со Грција.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This