March 28, 2024, 12:51 pm

ЈАКИМОВСКИ ОТКРИ НОВА АФЕРА НА ЗАЕВ: Лично од мене Зоран Заев бараше 250.000 евра мито!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 11-ти декември да го употребиме најсилното оружје, најсилното оружје е пенкалото и да им ја решиме судбината, каде им е местото, а местото им е во историјата а ние да продолжиме да ја градиме Република Македонија, рече лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски на митингот на „Коалицијата за подобра Македонија“ во Струга.

stevce-640x401

-Главната работа што сакам да ви кажам е дека зошто ние сме заедно со ВМРО-ДПМНЕ и со останатите коалициони партнери, затоа што општиот, националниот интерес не учи кога тој е национален интерес е загрозен да правиме сојузи, затоа ние одлучивме да правиме сојуз со ВМРО-ДПМНЕ, со најпатријотската партија одлучивме да се здружиме затоа што се загрозени националните интереси, затоа што Република Македонија е нападната и од внатре и од надвор и кога треба да бираме што треба да одбереме, нормално кога треба да бираме држава си ја одбираме Македонија и ние одлучивме да застанеме на страната на сите оние кои што сакаат да го бранат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија и да покажеме дека ние, оваа генерација на политичари, на граѓани на Република Македонија ќе го исполниме милениумскиот сон, а тоа е да имаме своја држава и да имаме раководители кои ќе ја водат Република Македонија токму избрани од нејзините граѓани и Македонија да биде дом на сите граѓани, без разлика на верска и национална припадност, рече во своето обраќање пред стружани, лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски.

-Почитувани пријатели, како што реков Република Македонија е загрозена и тоа најмногу од опозицијата на чело со господинот Зоран Заев. Во секоја изборна кампања мора да имате и политички и економски и социјален и инфраструктурен и енергетски и земјоделски програм… Што тие имаат? Ние не можеме да видиме политички програм, нивниот политички програм е две Катици, една Катица Јанева, другата Катица Заева, додаде Јакимовски.

-Првата заедно со нивните колешки по принципот “три невесте тикве брале“ катаден се трудат да отворат некоја афера. Јас од овде, од оваа место во Струга ги повикувам не отварајте афери, отворете барем една и затворете ја за да видиме дали е вистина тоа што го кажувате и почитувани пријатели тие нека отвараат афери, а добро прави Никола Груевски, тој отвара фабрики, отвара работни места. Колку тие отвараат афери, толку ние фабрики и работни места. Им дадовме шанса, цела меѓународна заедница стои зад нив, граѓаните стојат, само мојата партија не стои зад специјалното обвинителство, затоа што знаевме и рековме пред една година дека таа е кадар на соцјал демократскиот сојуз и тоа се покажа со книшка и со пари уплатени, зошто знаевме дека СЈО е едно обично ОЗТЕ на Соцјал демократскиот сојуз и дека не се дојдат да ја истерат вистината за да знаат граѓаните што е што во Република македонија. Вториот Катица Заева, тој нема политички програм, неговиот политички програм е да се распродадат националните интереси, ај што ги продава овде во Македонија, почна да ги продава и надвор од Република Македонија велејќи дека ние Македонците сме криви за се, велејќи дека неможе сите да бидат криви а ние Македонците секогаш во право, па ве молам да кажеш дека сопствената нација е најголем проблем на Балканот има ли поголем грев? И незнам што повеќе бара од овие граѓани тој јасно се откажа од Македонија, од Македонците и незнам што ќе бара на 11-ти. За мене изборите завршија во Берн, таму си го кажа своето што го имаше. Вториот политички програм му е слушалиците на уши, да слуша кој што и со кого зборел, ама очигледно сето тоа не му даде резултат, се обиде да ни протурка некој економски или инфраструктурен проблем, не му веруваа, кажува дека ќе намалел даноци, ќе го намалел ДДВ-то дури за 15%, а од друга страна ќе зголемувал бенефиции незнам што. Како може најголемиот приход во буџетот да го намалиш а да даваш толку бенефиции, се е подготвен да даде само да дојде на власт, а на власт сака да дојде за да ја купи својата слобода, епа почитувани пријатели дали ние во тоа ќе му дозволиме? Читам во нивната програма, гледам ставил ќе го градел патот Демир Капија-СМоквица, си викам човекот веројатно за Скопје оди преку Радовиш и Штип, читам и панатаму гледам го ставил и автопатот Свети Николе-Штип ќе го гради, епа зарем слеп нели гледа автопатот Демир Капија-Смоквица се гради и автопатот Скопје-Свети Николе-Штип и тој се гради, кажува дека ќе го градел и автопатот Кичево-Охрид, па нели гледа кога иде навака дека тој автопат веќе се гради и да не ги бројам автопатите кои што ги набројува, сите се обезбедени проекти, се обезбедени пари. Што тоа значи? Тоа значи празна приказна, нема што да кажат туку се обидуваат било да копираат. Во неговата општина, ако сакаме да ни покаже овој исти човек, може да ни даде позитивни примери, што не ни го покаже тоа во неговата општина дека ќе враќа дел од приходите што остварува на граѓаните, комунали или било што друго, таму нуди само корупција и мито и не прави сите будали, насликан со ПИМ мерки како си мавта со рачињата и си бара пари да му ги пратат кај Вице и сите во оваа држава му се криви, се не му чини а очигледно за целото ова време создаде огромен капитал, истакна лидерот на ГРОМ.

-Почитувани пријатели, еден од тие од кои што Заев бараше мито сум и јас, бараше 250 илјади евра напишани на ливче. Повеќе пати сум го прашал сака да му го дадам оргиналот или копијата. 50 илјади за црквата во Струмица, 50 илјади за спортот и 50 илјади за културата во Струмица, а 100 илјади како што вели за Ромите му доаѓале го јаделе пред врата. Па може ли таков човек да се обидува да дојде на власт во Република Македонија. Граѓаните на Струмица многу добро знаат каков е и што за овој период направил. Јас само прашувам, тоа ли е партијата што ќе се бори за средната класа, нивниот лидер во која класа спаѓа, има ли крај на нивната дволичност. Затоа почитувани пријатели на 11-ти декември дајте нема што повеќе да војуваме,нема што повеќе реторики, да го употребиме најсилното оружје, најсилното оружје е пенкалото и да им ја решиме судбината, каде име е местото, местото им е во историјата а ние да продолжиме да ја градиме Република Македонија, рече Јакимовски на митингот на „Коалицијата за подобра Македонија“ во Струга.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This