ЛАГА ИЛИ ВИСТИНА: Јас и моите граѓани ќе ја добиеме битката помеѓу лагата и вистината!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хистеријата што го зафаќа СДСМ во Општина Карпош како последица на лошите резултати од анкетите на граѓаните од Карпош, оди до таму, што покрај своите општински активисти повикува и носи свои членови од цело Скопје за да го видат Деталниот урбанистички план на еден дел од Карпош 3 – вели Јакимовски, откако пред неколку дена им ја растури „забавата“ на како што вели „лажоманите“ од СДС кои собираа граѓани во населбата за да ги лажат дека со новиот ДУП се предвидувале нови згради

 

Бесни бидејќи ја губат битката во општина Карпош, СДС не бираат средства и начин како да ги излажат граѓаните, па денес испратиле и активистка на СДСМ од Кисела Вода да поднесе анкетен лист во општина Карпош.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

За овој ДУП дојде да поднесе анкетен лист, замислете, жителка односно активист на СДСМ од Кисела Вода. Барем да ја поучеле да излаже, оти тоа им е во партискиот код. Со целата своја одговорност тврдам дека ДУП-от за дел од Карпош 3 нема никакви измени освен вцртување на триесетина паркиралишта до општинската зграда која е во изградба, сé со цел, да не одиме уште едно ниво под земја затоа што има вода. Во тој случај од општинскиот буџет ќе треба да се потрошат 600.000 евра кои можеме да ги искористиме за реконструкција на нови фасади, поставување на нови лифтови во зградите или, пак, обезбедување на ужинки за учениците. – стои во писмената изјава на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.

 

[/kopa_block_quote]

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Јас и граѓаните на Карпош сме издржале и потешки битки од овие денешниве. И во 2013-та година цел СДСМ се нафрли на мене. Ме нарекуваа четник, Шешељ, шајкача, предавник, ми ја навредуваа сопругата а ноќе им се закануваа на моите деца, облекуваа кучиња со маици на кои беше мојот лик, дури и ми го труеја кучето. Сепак издржавме. Знам, кога не се на власт ги фаќа хистерија. Веќе не сум Шешељ и шајкача бидејќи си имам своја партија, сега сум, како што тие велат криминалец, уништувач на зеленилото и дрвјата, градежна мафија и при тоа го лажат народот дека ќе ги поништеле ДУП-овите. Така ги лажеа граѓаните на Центар, дека ќе ги поништеле маркиците и ќе ја запреле легализацијата на ДУП-овите. Погледнете ја нивната лага кај Панорама висока 10 ката. Погледнете го Дебар Маало, Универзална, погледнете го Капиштец особено оној дел од Заводот за рехабилитација до ул. Водњанска. Таму граѓаните ако имаат подолги раце, од една зграда до друга, преку прозорците можат да си подаваат кафе. Нема ниту еден милиметар зеленило. Овој зулум е направен во изминативе четири ипол години ама таму Социјалдемократите не бараат зеленило или не им треба. Тие таму сакаат само подобар живот, го поддржуваат договорот со Бугарија, подддржуваат рекомпонирање на државата, не им пречи ни тоа што ќе ни донесат 100 000 бегалци. Им пречи тоа, што во Карпош има илјада пати повеќе зеленило од Центар и тие тоа зеленило сакаат да го одбранат од градоначалникот. Јас и моите сограѓани ќе ја добиеме и оваа битка. Битката ја водат лагата и вистината. Ќе ги издржиме уште овие два месеца. Затоа нека поуживаат во уште двомесечниот живот со лаги. – додава Јакимовски.[/kopa_block_quote]

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This