Јакимовски: Се согласувам со Мицкоски за договорот со Бугарија, јас би го пoништил тој договор, отворањето на преговорите со ЕУ се маркетиншка пропаганда на Заев и СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија лидерот на партијата ГРОМ Стевче Јакимовски, а во врска со договорот за добрососедство со Бугарија, истакна дека е на иста линија со Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на тој договор.

На прашањето дали се согласува со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за прекинување на преговорите со Бугарија, Јакимовски вели дека се согласува, но и дека би одел чекор понатаму не само за прекинување на преговорите туку и за поништување на тој договор.

Јасно и гласно треба да се стави до знаење што сме спремни да прифатиме, и за што треба да преговараме, но од друга страна каде ние брзаме, што ако ги отвориме преговорите со ЕУ, што добиваме со тоа, подобро е да ги отвориме, но и да сме спремни да ги затвориме за шест месеци, него ли сега да се отворат па да ги затвориме во следните пет години, ние ништо не добиваме освен тоа што СДСМ и Заев сакаат да прават е маркетиншка пропаганда дека тие ги отвориле преговорите со ЕУ и донеле датум за преговори, а имаме толку многу работи за решавање во државава – појасни Јакимовски.

Јакимовски вели дека во ЕУ не можеме да одиме со еколошките проблеми кои ги имаме како загадувањето, недостатокот од прочестителни станици, депониите, не фрлањето на ѓубрето секаде каде што ќе се стигне, загадувањето на подземните води, енергетската ефикасност на објекти итн. за кои како држава ни требаат милијарди за да ги решиме.

Јакимовски критикуваше дека оваа Влада нема што да се пофали пред Европската унија, ниту нешто изградиле, ниту автопат, ниту пак се носат во справување со пандемијата, оваа влада е неуспешна во најголем дел од областите, а наоѓа на изговор во ветото со Бугарија.

Во однос на прашањето со образовните реформи кои се најавени, Јакимовски истакна дека оваа Влада скоро ќе падне од власт и сите тие реформи ќе се ревидираат затоа што немаат поширока поддршка од академска и стручна јавност.

-Тие можат да прават што сакаат, но скоро ќе падне оваа Влада од власт после сето ова ќе биде ревидирано, но за да ги смените учебниците, за да платите за авторски хонорари ќе се расфрламе милиони како стигнеме, наместо ако правиме било каква реформа да има научна и стручна поддршка од академија, опозиција и власта и да не се померува наредните десет години, објасни Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This