ЈАКИМОВСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА 27.АПРИЛ: Пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ имале наредба да бидат мирни и да не предизвикуваат инциденти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Јас само што се вратив од работа, кога гледам на телевизија дека нешто ќе се случува со парламентот. Се консултирав со еден од моите пратеници, кој ме информираше дека нешто очигледно ќе се случува. Она што јас му сугерирав беше дека ако имаат намера да изберат претседател на Собранието дека тие треба дури и физички да се спротивстаат на тоа. Но, пратениците. Значи, зборувам за пратениците. Тој ми одговори дека имаат наредба да бидат мирни и да не се предизвикува никаков инцидент“ – изјави претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, објаснувајќи што се случувало на 27. април минатата година

 

Јакимовски објаснува дека на ова треба да се гледа од агол на тоа кој имал највеќе корист од ситуацијата на 27.април. Тој повика дека согласно тоа, треба да се бара одговорност кај СДСМ, но и кај странските разузнавачки служби кои биле присутни во Собранието на критичниот.

Претседателот на ГРОМ го повика судството да не биде под притисок и детално да ја истражи ситуациајта.

„Вие имате 63. дена мирни протести пред Парламентот и граѓаните ви велат, немојте тоа да го правите, после 63 ден вие на незаконски начин, со помалку пратеници, со 57 пратеници бирате претседател на Собрание. А, јас еве сакам да поставам прашање. Што беше проблемот уште еден месец да се дебатира? Што да ми објасни некој оваа влада заврши за овие девет и кусур месеци толку битно и важно за граѓаните на Р.Македонија што не можеше тоа да почека уште 30-тина дена, да завршат сите дебати кој ги брани, ќе си гласаа, имаа мнозинство и ќе се разрешеше таа работа мирно. Тие сакаа таа работа да ја прекршат преку колено, односно налогодавецот кој што им беше за таа работа инсистираше да се направи ваков инцидент кој потоа излезе надвор од контрола, таму можеше да има и жртви.“ – изјави Јакимовски, барајќи одговорност и за инспираторите како пратеникот кој пееше странска химна во собранието, но и за нелегалниот избор на Талат Џафери.

Јакимовски го повика судот и обвинителството да поведат постапки против инволвираните кои највеќе добија од инцидентот, бидејќи кај нив може да се најде и потребата од ваков инцидент кој можеше да прерасне во граѓанска војна .

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This