Тој додаде дека со самото ова СЈО му прави огромна штета на СДСМ, објавувајќи случаи што не се поткрепени со никакви докази.
„Можеби ќе употребам тежок збор, но уште на почетокот се виде дека Катица Јанева се глупира и со Миле Јанакиески и со Елизабета Канческа. Логично е СЈО да излезе со нешто крупно, со нешто силно каде што има цврсти и непобитни докази, каде што ќе нема обвинетите со што да се одбранат, меѓутоа со ова што се случува повеќе од јасно е дека не постои таков случај и СЈО му прави штета на СДСМ“, смета Јакимовски.