April 25, 2024, 12:50 pm

Јакимовски: 3аев не го затвора туку го отвара македонското прашање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стевчо Јакимовски, претседателот на ГРОМ, на фејсбук ја политиката на Бугарија кон Македонија, како и состојбата во која не втурнаа Заев и Димитров со договорот со Бугарија, како и тој со Грција, со кои, наместо, како што изјавуваше Заев, да се реши македонското прашање, дополнително се отворија прашања со кои ја изгубивме нашата историја, правото да се декларираме како Македонци и воопшто да ја користиме придавката македонскски, а дополнително ќе го го изгубиме и нашиот јазик и култура.

Тој упати апел да се погледнат интернет дебатите на бугарските медиуми, наместо слепо да им се верува на СДСМ.

Македонциии! Гледајте ги малку на интернет дебатите на бугарските медиуми. Нека не ве лажат СДСМовците дека ова било нивна предизборна реторика. Сите нивни размислувања се сведуваат на повеќе точки:

1. Ако Грците можеа да чекаат 28 години ќе чекаме и ние. Велат, нам не ни се брза на Северна Македонија и се брза;

2. Ако можеа да им попуштат на Грците ќе попуштат и кај нас; Тоа значи Заев и Никола Димитров уште со грчкиот договор си влегоа во погрешен воз и нормално е дека сите станици на тоа возење се погрешни. Да потсетам таму прифативме дека немаме ништо со Александар Велики и античката историја. Се откажавме од нашето национално малцинство во Грција и прифаќаме дека нема Македонци во Грција. Бугарите велат ако нема Македонци во Грција, а Делчев и Мисирков се родени таму, тогаш како Северна Македонија бара овие 2 личности да бидат Македонци? Се откажавме со Грците и од идентитетот, не сме веќе Македонци туку граѓани на Северна Македонија. Не смееме да ја употребуваме придавката македонски и што ли уште не;

3. Бугарите бараат да се откажеме од македонското национално малцинство во Бугарија;

4. Тие инсистираат да направиме уставни измени и во уставот да постои бугарско национално малцинство, а тоа значи да прифатиме дека во Бугарија нема Македонци, а во Македонија има Бугари;

5. Бугарите инсистираат да се подигнат споменици на наводно 20,000 убиени Бугари од комунистичкиот режим по 1945та година;

6. Да се корегираат учебнците со што Бугарите нема да бидат окупатори туку администратори;

7. Од сите споменици да се избрише дека Бугарите биле фашисти;

8. Да прифатиме дека македонска нација постои од 1945та година;

9. Македонскиот јазик како наречје на западнобугарскиот дека е воспоставен од 1945тата година;

10. Да не си правиме фантазија дека имаме заедничка историја до 1944та година, туку да прифатиме дека нашата историја е бугарска. Велат не можеме да правиме компромис со оние што ни ја украле и фалсификувале историјата. Пред 1944та година мора да прифатиме дека таа историја не е заедничка туку бугарска;

11. Сите дејци како Кирил и Методиј, Климетн и Наум, Самуил, Гоце, Јане, Мисирков мора да прифатиме дека се Бугари и многу други историски личности како што е Јован Влавдислав, Петар Дељан и други;

12. Да престанеме со обструкција и забрзано да го градиме коридорот 8, а тоа значи железницата и автопатот Куманово – Деве Баир;

13. Да не ги кочиме бугарските инвестиции;

14. Македонските власти да го санкционираат говорот на омраза кон Бугарите;

Му велев ли бе луѓе на Заев дека не го затвора туку го отвара македонското прашање? Јасно ли ни е сега дека ние практично не сме имале никаков договор и тие се категорични дека со раката на срце, главата на страна, прегратки, целуфки и убав осмех како што Заев мисли (така велат тие) не можат да бидат надитрени Бугарите. Јасно ли ни е сега која беља ни ја направија овие луѓе?

Очигледно тие за ова не се свесни и како што вели познатиот Српски глумец Зоран Радмилович: „ Кога ќе умреш ти не знаеш дека си умрел и не ти е тешко. Тешко им е на тие околу тебе. Така е и кога си глуп. Ти не знаеш дека си глуп и не ти е тешко. Тешко им е на другите.“ .

Македонциии! Гледајте ги малку на интернет дебатите на бугарските медиуми. Нека не ве лажат СДСМовците дека ова било…

Posted by Stevco Jakimovski on Tuesday, November 24, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This