Јакна од „Томи Хилфингер“ за 180 денари: Приказна за продавниците за носена облека

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јакна од „Томи Хилфингер“ за 180 денари, „Бос“ за 100 денари, детска јакна за 180 денари, се дел од цените во скопската „Секнд хенд“ продавница „Сан старс“ во центарот на градот, на Рекорд. Брендови како „Адидас“, „Најк“, „Веро мода“ и многу други можат да се најдат на нивните рафтови.


Сопствениците, Мимоза и Авни Тачи имаат три продавници за продажба на носена облека. Најстарата е во Тетово, и таа е отворена пред 15 години. Дванаесет години постои првата скопска продавница на Бит Пазар, а оваа на Рекорд, чија што приказна и низ фотографии ја раскажуваме, е отворена пред две години.

„ Си имаме постојани муштерии, кои во Тетово ни се верни цели 15 години, а тоа се случува и во двете продавници во Скопје. Затоа, без оглед што облеката е стара, на нас ни е најважен квалитетот. Робата ја купуваме на големо од „секнд хенд“ продавниците од Данска, ни стига во вреќи, на тони. Затоа ниту едно парче во нашите дуќани не е исто со некое друго, ретко може да се погоди.“, велат сопствениците за Женски магазин

Мимоза Авни гордо раскажува дека квалитетот им е пред сѐ. Целката облека што ќе им стаса од Данска, вели оти прво ја носат на хемиско чистење, а потоа ја изложуваат во дуќаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This