April 24, 2024, 12:29 pm

ЈАКОВЛЕВСКИ: Патриотите се во затвор, а убијците од Смилковско езеро се на слобода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда денеска пред граѓаните се обрати Мане Јаковлевски. Тој кажа дека наместо светла иднина државата е обвиена од темнина.

-Наместо инвестиции и нови вработувања, замре економијата. Наместо поголеми плати и пензии, неисплатени плати и откази. Наместо мир и безбедност, бројот на убиства е зголемен. И животните се вознемирија, почнаа да напаѓаат луѓе. Тоа што актерите, пејачите, членовите на патриотските здруженија се во затвор, а убијците од Смилковско езеро се на слобода е цинична и селективна правда на хунтата на власт, изјави Јаковлевски.

Тој порача дека доста беше разнебитување на државата, дека доста се поделби кај македонскиот народ.

-Дојде време да си подадеме рака и со заеднички напори да зачекориме смело по патот на Тодор Александров, на Гоце, на Даме, на Ченто, Брашнаров и други. Време е да се сплотиме, зошто ако останеме поделени не чека пропаст, изјави Јаковлески.

Тој кажа дека откако е формирана ВМРО-ДПМНЕ еден ден не им бил оставен да се радуваат на татковината.

-Се собравме повторно и бараме без одлагање притворот на уставобранителите да биде прекинат, политичките монтирани обвиненија за тероризам да бидат повлечени, да престанат сите процеси на политички прогон, да престанат малтретирањата и понижувањата. Веднаш да се пуштат на слобода сите кои што се опфатени со овој политички прогон, изјави Јаковлевски.

Тој кажа дека ќе протестираат се додека не бидат граѓаните пуштени на слобода. Тој порача дека Заев и врхушката на СДСМ, која апси недолжни луѓе, еден ден ќе се кае.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This