April 19, 2024, 12:18 pm

Јанакиески во шok: Како може за Канческа-Милеска која контактирала со уметниците да нема основ за kpивично гонeњe, а за мене да има бидејќи контактиpaм со Канческа-Милеска?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешните завршни зборови за предметот за организација на настаните на 27-ми април, Миле Јанакиески посочи дека дискутирал со Елизабета Канческа-Милеска во однос на тоа кои уметници сметал дека е добро да бидат говорници на масовните протести, но не ги организирал протестите и што е најважно, со ништо не придонел да се случат немилите настани од 27 април.

„Комуникацијата со Канческа-Милевска не може да биде предмет на кривично дело а тоа го потврди и обвинителката во изјави за медиуми каде истакнува дека „Немаше обвинение за неа затоа што немавме докази. Освен ангажирање уметници и познати личности, таа не направила што било друго конкретно“. Но, ако за министерката нема докази, како може за мене врз основа на истата комуникација, да се бара од Вас, да утврдите дека јас сум наводен организатор на протестите и истите да претставуваат како доказ за упадот во Собрание?“, прашува Јанакиески.

Тој прашува и како е можно за Канческа-милеска која контактирала со уметниците да нема основ за кривично гонење, а за него да има бидејќи контактирам само со Елизабета Канческа-Милеска?

„Не е можно почитувани судии. Или пораките имаат доказна вредност или немаат.“, констатира Јанакиески.

„Ваквите претпоставки се исто како сега, ние да кажеме и да правиме конструкции дека некој поддржувач на Шарената револуција или говорник на Шарената револуција или некој кој дал изјава за протестите на Шарена револуција е кривично одговорен во однос на палењето на канцеларијата на Иванов и за тешките телесни повреди на десетици десетици припадници на МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This