Јанакиески и Божиновски во притвор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, ноќеска се приведени и пренесени во затворот „Шутка”.

Одлуката за приведување ја донел Кривичниот суд на барање на Специјалното јавно обвинителство.

Јанакиески и Божиновски се обвинети во неколку предмети на СЈО за кои се водат судски постапки.

Нивното приведување следува по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија каде што побара политички азил.

Основниот суд Скопје 1 потврди дека на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, обвинети во „Титаник“, им е определена мерка притвор во траење од 30 дена на предлог на Специјалното јавно обвинителство. Од судот велат дека oдлуката е донесена затоа што сега постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство. Поранешниот министер за транспорт и врски и поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ од утринава се во истражниот затвор во Шутка.

„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за определување мерки за обезбедување присуство против М.Ј. и К.Б. опфатени во предметот со КОК бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, по ценење на фактите и доказите во предлогот донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст. 1 точка 1. од ЗКП односно ’ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство‘“, соопшти судот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This