March 29, 2024, 10:49 am

ЈАНЕВА:Мицкоски не е вклучен во „Талир“ и нема случај за хидроцентралите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Периодот во кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил генерален секретар на партијата не е опфатен како период на истрага во предметот „Талир“ и во истиот период нема констатирано кривично дело, вели специјалната обвинителка Катица Јанева, во гостување во Тв емисија на 1ТВ, таа дополнително вели дека и нема случај за хидроцентралите на Мицкоски.

Имено водителката Гордана Дувњак ја запраша Јанева во врска со обвинувањата на Мијалков дека имало пазарења тој да биде тргнат од обвиниение, на што истата одговори:

– Не, не! Само едноставно во времето кога е Мицкоски Генерален секретар на партијата, тој период не е предмет на обвинението „Талир“. Моментално тој е уште во предистрага, за тој период се водат, се прибираат докази, а инаку за периодот во кој Мицкоски не е Генерален секретар ќе се подигне обвинение. Така што ви реков дека за некој лица што биле во истрага сега периодот е намален и за помалку лица ќе биде обвинението. Уште е предмет на анализа господинот Мицкоски, рече Јанева.

На прашање на водителката дали предмет на анализа се хидроцентралите на Мицкоски, а алудирајќи дали ќе има можно обвинение од СЈО, Јанева кажа:

-Не, не! И ние слушнавме како граѓани дека имал хидроцентрали.

Во последниот период имаше и бројни обвинувања од власта за фирми во кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е малцински сопственик, наводи кои сега практично се демантирани од СЈО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This