Јаневска до Царовска: Министерке, не сме ни Данска, ни Шведска, ќе се случи kaтacтpoфа ако учениците немаат учебници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога министер ќе повлече учебник настанува катастрофа. Бидејќи прво не образложувате зошто ги повлекувате учебниците и јас ќе потсетам дека на барање на определена група повлековте учебник по географија, без никаква стручна и научна дискусија само затоа што елементите научни кои биле во тој учебник, кои ги претставил професор соодветен за таа област вие на политичко барање на одредена група повлековте учебник, ја потсети Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука при ВМРО-ДПМНЕ министерката за образование Мила Царовска во гостување во емисија „24 Анализа“.

Јаневска ја запраша Царовска дали смета дека децата во денешно време, во 21 век не треба да имаат достапни материјали или учебници.

Па, министерке Вие знаете дека ние не сме ни Данска, ни Шведска. Јас ова што го зборувам, само велам дека ќе им помогне на учениците, а ќе им помогне и на наставниците, истакна Јаневска.

Јаневска посочи дека катастрофа ќе се случи ако учениците немаат учебници.

Ниту во минатото лажевме, ниту сега лажеме, а обмислувањето на реформите од наша гледна точка и до ова што Вие го правите е драстично различно. И она што ние сме го предвиделе, Вие не можете да знаете бидејќи не не слушате. Да не слушавте на сите наши пресови, и сите наши соопштенија, Вие ќе знаевте што планираме, и како планираме, истакна Јаневска, обраќајќи се на Царовска.

Јаневска додаде дека министерката Царовска единствено повлекува учебници по политички барања наместо да им го подобри образованието на учениците.

Кога ќе се вратиме на власт ќе видите како треба да се прават реформи во образованието, нагласи Јаневска на Царовска.

Јаневска посочи дека лагата е единствено карактеристика на власта предводена од СДСМ.

Лагата е карактеристика на оваа власт почнувајќи од премиерот па кон сите други. Кога ќе ги прашате луѓето што е карактеристика на власта на СДСМ, велат промена на името, лагата, манипулацијата и корупцијата. И тоа не го измислив јас, тоа го кажуваат луѓето. Не можеме наставниците да ги пуштиме во првите борбени линии неподготвени, нагласи Јаневска.

Јаневска додаде дека течат обуки на наставниците, но не се од релевантни институции, туку се одвива од обучувачи арбитрарно избрани. Тие обуки се површни. Нудат некои презентации, но не нудат ниту решенија, ниту одговори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This