ЈАНЕВСКА ИЗЈАВИ: Во време на пaндeмијa, матурата треба да се одложи, средна оценка за сите ученици или полагање во септември за оние кои ќе студираат во странство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јас не велам дека Вие министре не се трудите, но сето тоа е бавно и тромаво и многу шанси се пропуштени.

И Вие не сте директно најодговорен, бидејќи Вие неможете да работите надвор од рамките на една влада, но сметам дека треба да ја користите apмијaтa на стручни лицa во Вашето министерство. Едно од основните нешта што требаше да се направат е да ја скратите програмата. Во вакви услови требаше со скратена програма која што ќе ги содржи само значајните знаења на децата. Бидејќи, огромен број на ученици и студенти нема да бидат опфатени со оваа програма колку и ние да се трудиме тоа да го спроведеме. Да се инсистира да се оценат учениците до 17 април, кога тие не поминале 4 – 5 методски единици, е збунувачки фрустрирачки и cтрecнo. Педесет илјади ученици неможат да се вклучат во он-лајн наставата што е огромен број, поради тоа што немаат компјутери, лаптопи или интернет, вели Весна Јаневска доктор по медицински науки, во врска со он-лајн образованието во време на коронавипѕцот, во денешнта емисија “Детектор” на Сител телевизија.

Околу матурата таа е за одлагање на истата, затоа што за полагање на тој испит нема услови. А за оние кои сакаат да се запишуваат во странство, треба да им се организира полагање во септември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This