April 24, 2024, 11:17 am

Јаневска: Peфopмaтa нa Царовска имa цeл дa ce пpoмeнaт yчeбницитe кaкo штo ќe пoбapa Бугарија и дa ce пoтpoшaт 21,5 милиoни eвpa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во реформата на Царовска за образование се крие политичка агенда со две цели. Првата е вметнување на резултатите од преговорите со Бугарија во образовниот процес и детали од Договорот од Преспа и втората цел е наоѓање на начин за трошење на 21,5 милиони евра кредит од Светска банка, вели Весна Јаневска претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, на панел дискусијата во организација на ВМРО-ДПМНЕ, а насловена како „4 години Заев, 4 години украден живот, доста е“.

Јаневска потенцира дека реформа немаше да биде проблем ако имаше надеж дека реформата ќе понуди нешто подобро во образованието, но тука станува збор за политичката агенда која е наметната и затскриено ја вметнуваат во процесот на образованието и која ќе предизвика тектонски движење ви процесот на образование и силни турбуленции кај наставниците.

Таа вели дека сериозен е сомнежот дека не станува збор за обмислена реформа која ќе доведе до подобрување на образовниот систем, туку се турка политиката на власта со цел да се покаже успешност.

– Проблемот е во Законот каде што се вели дека еднаш годишно ќе се правата промени на учебниците до 30%. Промени еднаш годишно по математика, физика нема потреба да се прават, ниту по хемија, а промените се очекуваат во историја, географија и македонски јазик, односно она што допрва претстои да се решава во политичкиот дијалог помеѓу две држави. Тоа не е наука, истакна Јаневска.

На трибината ќе биде дадена детална анализа за неуспесите во секоја област.

Говорници кои говорат на трибината се:

– Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

– Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

– Весна Јаневска од Комисија за образование и наука

– Синиша Ивановски од Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт

– Цветан Трипуновски од Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство

– Кирил Лазов од Комисија за здравство

– Борко Ристовски од Комисија за спорт

– Зоран Љутков од Комисија за култура

– Татјана Ристова Димова од Комисија за труд и социјална политика, демографија и родови прашања.

Панел дискусија – „4 години Заев, 4 години украден живот, доста е“!

Лазов: Владата предводена од СДСМ катастрофално се справува со корона кризата и има нула реализација на ветени проекти

Славески: Од ветените 5% БДП секоја година добивме 0.7% за четири години и промашен даночен систем што ја зголеми сиромаштијата

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This