April 19, 2024, 12:15 pm

Јане Велковски во ОН до возрасните: Ставете кpај на диckpиминациjата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единаесетгодишниот застапник за деца со попреченост од Македонија, Јане Велковски, од глобалниот самит на Обединетите нации (ОН) во Њујорк на возрасните им порача дека мора да прават сѐ за детските права, да ги остранат бариерите на најмладите и да стават крај на диксриминацијата. На децата како него пак, тој им порача да бидат истрајни и никогаш да не се откажуваат од нивните соништа, дека треба да ги рушат бариерите каде и да се појават, и да прават добро за да надоместат за добрината која недостасува.

„Роден сум со спинална мускулна атрофија, и поради тоа наоколу се движам во инвалидска количка, која јас ја нарекувам формула еден. Но, моите родители од мали нозе ме научија дека можам да правам се што прават другите, само на поинаков начин. Како што растев, тоа стана правило, да правам сѐ и да уживам во животот. Одам на училиште и имам многу пријатели. Учам, излегувам, играм, но, мојата најголема пасија е фудбалот. Го засакав фудбалот од кога бев многу мал, и играм фудбал во секој момент кога можам. Ми дава сила, енергија и ме прави среќен. Фудбалот ми помогна да се изборам за да ја добијам терапијата, ме поврза со многу славни личности, и ме направи голем борец за еднаквост и спорт.

Верувам дека сите во светот можат да играат фудбал. Без разлика на тоа како играат, важно е да се биде рамноправен и почитуван. Се сметам себеси за еднаков со другите, тоа е и начинот на кој постапувам, тоа е начинот на кој сите треба да се однесуваат. Но, не е лесно кога користиш инвалидска количка, затоа што постојат многу пречки на патеката. Мојата попреченост, не ми пречи. Тоа што ми пречи се бариерите во моето опкружување. Ме иритира кога сум спречен да одам некаде, ако нема рампа или транспорт за мене, па мора да ме носат моите родители. Кога бев помлад, родителите ми помагаа и ги отстрануваа пречките за мене, но јас сакам да пораснам во личност која е независна“, рече Велковски на глобалниот самит на ОН.

Претходно, неговата мајка Деница Велковска, на нејзиниот Фејсбук профил објави фотографија од средбата на Јане со фудбалерот Дејвид Бекам.

Генералното собрание на Обединети нации (ООН) во 1954 година го прогласи 20 ноември за Светски ден на детето, со цел да се сврти вниманието на јавноста кон обврските на општеството кон децата, како и на проблемите со кои се соочуваат децата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This