April 26, 2024, 11:15 pm

ЈАНЕ ЧЕНТО ГО КАНДИДИРАШЕ ДУРЛОВСКИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА: Капа долу маестро, да живее Македонија, Игор Дурловски за Претседател на Република Македонија!!!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фејсбук групата ,,Слобода за Јане Ченто” ја поздрави одлуката на Дурловски да не поднесе барање за амнестија и со тоа да се приклучи на одлуката на Јане Ченто и Игор Југ. Капа долу маестро му порачуваат на Дурловски и воедно го кандидираат за Претседател на Република Македонија.

-Игор Дурловски се приклучува кон Јане Ченто и Игор Југ и нема да поднеси барање за амнестија.

Капа долу маестро!!!

Игор Дурловски: Почитувани, наместо молба за помилување, ја споделувам со Вас мојата одлука да продолжам со борбата за докажување на мојата невиност за обвинението за кое ми се суди.
Секоја борба носи свој ризик, а со оваа постапка го ставам на ризик и мојот и животот на моите најмили, но, убеден сум дека ме разбираат зошто ова е важно, да се бориме за своите принципи, за правда, доследно и храбро.


Се надевам дека со оваа одлука ќе и ја одземам можноста на политиката да се постави над правичноста и судството. Во свое име и во име на моите пријатели од „Заедничка Македонија“ и на илјадниците чесни и мирољубиви граѓани кои ги исполнуваа улиците со љубов кон татковината.

Ја отфрлам можноста да бидам дел од селективна правда и понатамошни интриги со криење позади превезот на Вашето политичко „помирување“. Вистинско помирување може да постигнеме само со правда, чест и морал.

Останувам со чисто срце со љубов кон татковината, верба во Бога и надеж за подобра иднина за сите нас.
Да живее Македонија

Игор Дурловски за Претседател на Република Македонија!!!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This