ЈАНЕ ЧЕНТО ДО ШИЛЕГОВ: Јас сум внук на првиот претседател на АСНОМ, колку да расчистиме кој е фашист, а кој не!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашното рочиште за настаните од 27 април, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов се скара и го обвини дека е фашист внукот на првиот претседател на АСНОМ, Јане Ченто.  Јане Ченто кој е обвинет за наводен тероризам, откако се пријави вкрстено да го испрашува сведокот Петре Шилегов му рече:

„Господине Шилегов, јас сум внук на првиот претседател на АСНОМ, колку да расчистиме кој е фашист, а кој не”, откако претходно, Шилегов, одговарајќи на друго вкрстено прашање, рече дека нападот на Собранието бил „организиран политички облик на фашизам“.

Ченто е меѓу 33-ца се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието.

Шилегов потоа му одговори на Јане Ченто: „Од секоја здрава семка не излегува здрав плод”, по што Ченто му реплицираше: „Крушата под круша паѓа”.

По ова, судијката Добрила Кацарска ги прекина и го прекори сведокот Шилегов.

„Господине Шилегов, како пратеник имате заштита и можете да зборувате сѐ што сакате и да навредувате. Но, ова не е Собрание, сите имаат подеднаков третман. Не навредувајте и внимавајте како се обраќате”, му рече Кацарска на градоначалникот на Скопје кој за време на организираниот напад на Собранието лани беше пратеник.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This