ЈАНИ БОЈАЏИ ЗА СРЕДБАТА СО СЕМЕЈСТВОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ: Те пречекуваат со топлина и благост, па те седнуваат до ,,даскалот,, и почнува ,,распитот“…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јани Бојаџи, режисерот чиј филм „Ругање со Христос“ кој обработува тематика од конфликтот во 2001.година беше предмет на цензура од страна на Владата, на својот ФБ профил ја опиша неговата посета на семејството на претседателот Иванов


Како што вели, тоа е чувство како кога ќе одиш дома, кај твоите, најблиските. Чувство кое ти гарантира дека и ако ти се чини дека се околу тебе се руши, сепак, ќе биде добро.

Во продолжение го пренесуваме целиот текст на Бојаџи.

„Ете, за сите вас кои од синоќа ме прашувате како е кога се оди кај Претседателот? Во принцип одењето кај Претседателот е како кога не си бил дома кај твоите прилично долго време. Те пречекуваат со топлина и благост, па те седнуваат до ,,даскалот,, и почнува ,,распитот,,. Како е, што е, за ова, за она, па за тоа и за оноа и тој те слуша со совршено внимание ама ти мора да се пазиш не само на кажаното туку и на тоа како го кажуваш, раце, нозе, тело па и како дишеш!

И после пет минути веќе си спокоен затоа што си сосема, ама сосема на чисто дека за се има чаре и се ќе се реши, само ти ела си дома жив и здрав! Обидот на Иван да се приклучи на твоја страна е добродојден ама на крајот и ти и тој сте сосема задоволни од фактот дека сте биле во право и двајцата само што сега ви е јасно дефинирано. Даскалот е за тоа тука, нели? И се разбира, ништо според него не се случува денес, ако веќе не се случило вчера што е гаранција дека ќе се случи и утре а сега ете нели ние знаеме што се случио и што се случува, па утре да не одиме пак кај ,,даскалот,, со истите прашања: оти ова, оти она?!

Сега веќе треба да знаеме како тие работи самите да ги решаваме! И после доаѓа Маја и веќе се е полесно! Речиси решено. Таа не те советува и не кажува што мисли туку што сторила таа кога била во ситуација како твојата, а ништо ново не ми се случило мене што не му се случило на некого сличен на мене, нели?! И да, се разбира, се што правиме ако од дома е подржано, разбрано и поделено со љубов, што е тоа што не може да се реши?! На крајот заминувате, и ве испраќаат онака како што ве примиле, до порта, со убаво со арно и пак да дојдеш. И за убаво и за арно. Оти дома се оди и кога е убаво и арно ама и кога и не е баш! Бескрајно му благодарам на Претседателот и на семејството Иванови. Беше како дома!“ – пишува Бојаџи на својот ФБ профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This