March 29, 2024, 11:39 am

ЈАНИ МАКРАДУЛИ БИЛ ВО ПРАВО: „О2 Иницијатива“ го лоцираше проблемот со загадувањето во бурето за греење пред Собрание

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во услови кога во градот Скопје на големо и неконтролирано се горат токсични материјали, а индустриските капацитети како „Усје“ и „Макстил“ во скопска Железара работат без соодветен надзор, од „О2 иницијатива“ проблемот во загадувањето во главниот град го лоцираа во бурето од кое се греат демонстрантите пред Собранието на Р.Македонија, кои секојдневно протестираат

 

Кога не би било трагично, би било комично, но овој пат ќе мора да се согласиме со заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, кој на претставничката од „О2 Иницијатива“ и препорача да не „лупета“ кога зборува.

пред Собрание и полиција, се гори пластика на отворено

Никогаш нема од нас да биде држава за почит со ваков однос. Се пали на отворено пред Собрание на Република Македонија, во импровизирано ќумбе од буре, црниот чад и смрад од горена пластика се шири и никој не рагира. Постојат ли служби во Собрание на Република Македонија за обезбедување? постои ли еден пратеник што е на работа во 8.30ч и не го видел ова? и никој не реагира? Немаат публика или спремен говор колку се загрижени за загадувањето, па не можат да излезат да им објаснат на луѓево дека НЕ СМЕАТ, дека е забрането со закон, дека е штетно пред сè за нив! И сето ова е на 100 м од градска болница, Универзитетска клиника по хируршки болести "Св.Наум Охридски"-Скопје, во центар на метрополата што конкурира за Зелена престолнина. На реакцијата дали знаат дека е забрането, одговорот е: Па полиција гледа и ништо. И затоа ни се случува ова, фрази, семинари, трибини, говори, програми, а на терен и во суштина НИШТО.Министерство за внатрешни работи Град Скопје Инспекторат на град Скопје

Posted by O2 Иницијатива on Thursday, December 13, 2018

Слична препорака им даде и градоначалникот на Гази Баба, кој на друг претставник на „О2 Иницијатива“ ги поучи дека не треба да лажат и „да ја затворат веќе устата“.

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, обвини активистка од О2 иницијативата дека ја манипулира јавноста со информации за тоа колку мерни станици на Министерството не се во функција. Во гостување во емисијата „Стадион на Канал 77“ тој и рече на претставничката на О2, Ели Пешева, дека не треба, како што се изрази, да лупета, и дека треба да кажува точни мислења.

лупање и заменик министерот Макрадули

Заменик министерот Макрадули во денешната емисија „Стадион на Канал 77“ изјави „Во една станица има пет инструменти. Во овој момент не работат во три станици од кои што има пет инструменти внатре, по еден инструмент внатре од тие трите” и продолжи кон претставничката на О2, Ели Пешева на темата колку од мерните инструменти не работат „Ама не е тоа добро, ај ќе си лупнеме нешто и ај добро де и да не е така. Ај пак ќе си кажеме и да не е така.”Господине Макрадули, вие толку многу пати сте си лупнале, да нè терате да извадиме сè што се кажале до сега, а е докумнетирано за да ви докажеме што сè имате лупнато и тоа само за време на вашата функција како заменик министер за животна средина.Но, сега ќе се задржиме токму на денешново ваше лупање, ин флагранти, за што парадоксално ја нападнавте претставничката од О2.Велите во една станица има 5 инструменти. Не е точно. Една станица може да има 7 инструменти, за да ги мери O3, NO2, SO2, CO, PM10, PM2.5 и BTX. Во Скопје такви 7 има поставено во мерните станици Центар и Карпош.Гази Баба има само 4 инструменти, за NO2, SO2, CO и PM10.Лисиче 5, за O3, NO2, SO2, CO и PM10.Ректорат 5, за O3, NO2, CO, PM10 и BTX.Мобилната станица Бутел 6, за O3, NO2, SO2, CO, PM10 и PM2.5.Што значи лупате, а самите кажавте дека не е тоа добро, ај ќе си лупнеме нешто и ај добро де и да не е така. Потоа велите во овој момент не работат од 18 во три станици, кои имаат по 5 инструменти внатре, по еден инструмент внатре.Утврдивме дека лупате дека во секоја станица има по 5 инструменти. Да видиме сега колку е точно тоа дека во три станици не работи по еден инструмент само. Само Скопје ќе го земеме за пример повторно.За мерењата на BTX не знаеме дали се одвиваат или не, каде работат, каде не, зошто тие информации не ги направивте транспарентни, иако ви беше тоа побарано уште минатата година во септември.Во Центар од останатите 6 инструменти, 4 не работат и тоа за NO2 (повеќе од 2 години), SO2 (повеќе од 3 години), CO (повеќе од 3 години) и озон (од јули годинава). Таа станица мери само PM10 и PM2.5. Во Карпош, од останатите 6 инструменти, без BTX, 3 не работат и тоа за CO (повеќе од година дена), SO2 (од август) и озон (од ноември годинава). Во Гази Баба, од 4 инструменти, не работат 2 и тоа за PM10 (од август) и NO2 (од септември). Работат само 2 инструмента, за SO2 и CO.Во Лисиче, од 5 инструменти, не работи 1, за PM10 (од октомври).Во Ректорат, од останатите 4 инструменти, без BTX, не работи 1 и тоа за NO2 (од август). Само во новата мобилна станица Бутел, поставена во март годинава, од 6 инструменти, 6 работат.Да заклучиме, од она за што имаме достапни јавни податоци, во моментов 11 инструменти само во Скопје не работат, на 5 од вкупно 6 мерни станици.Сè што кажавте за мерните станици и инструменти лупнавте. Нели не е добро, ај ќе си лупнеме нешто и ај добро де и да не е така? Ова вашево му доаѓа мега лупање.За во иднина, пред некому да кажете дека лупа, проверете што вие самите кажувате прво. Зошто неточни работи сте кажале еден куп до сега.И за крај, граѓанските активисти се волонтери, а не професионалци, па може да се случи некаде и да згрешат, ама на заменик министер не смее да му се случи вака да греши и тоа да се повторува. За воља на вистината, излегуваме со многу поточни и поконкретни податоци од вас.

Posted by O2 Иницијатива on Saturday, December 1, 2018

Освен активизам на социјалните мрежи, и задушување на револтот на граѓаните во врска со загадувањето во главниот град, преку создавање на лажна перцепција дека некој се бори за нивните права од „О2 иницијатива“ досега нема ниту еден поконкретен чекор.

Иако скопјани бараа надзор и увид во работењето на индустриските капацитети во Скопје, контрола на горењето на отпадот во Дрисла, но и инспекциски надзор на недозволено горење на токсични материјли, од „О2 Иницијатива“ освен „лупетање“ до сега нема ниту една конкретна реакција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This