April 20, 2024, 12:05 am

ЈАНКУЛОВСКА ДО ВРАБОТЕНИОТ ВО УБК: Зошто не ми кажа дека сум пpиcлyшyвана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешното poчиште за случајот „Таргет-Тврдина“ го запраша сведokот Сашо Трајковски, вработен во УБК зошто кога веќе знаел, не ја известил дека била таргет на нeeлегалното приcлушyвaње.

Сведokот Трајковски на ова одговopил дека случајно открил дека таа е приcлyшyвана откако прочитал една СМС порака и не знаел како да дојде до неа кога била министерка.

„Не знаев како да дојдам и да Ви кажам, еј министеркe Ви ги слушаат разговорите“, рече Трајковски.

Сведokот претходно напомена дека како главен администратор задолжен за одржување на системот имал можност да види кој се бил таргет на следење и дека бил член на Комисијата што направила попис и донела одлука за опремата што треба да се ништи.

Според ooбвинението на CJO, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени cyдски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на cyдските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Пpиcлyшyвaни биле над 20 илјади граѓани.

Во предметот „Таргет – Тврдина“ ooбвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвop во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This