ЈАНКУЛОСКА: Губитник на овие избори не е само Зоран Заев и СДСМ, губитник е и СЈО, губитник е и оној што проценил дека тие се личностите кои ќе ја спроведат нивната агенда за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гордана Јанкулоска поранешен министер во МВР и актуелен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Јанкулоска говореше за улогата на СЈО кое е продолжена рака на опозицијата и други актуелни политички теми.

2goca5

Во врска со СЈО и неговата очигледна поврзаност со СДСМ Јанкулоска рече:

Катица Јанева и нејзините соработници можат да отворат и милон случаи, без аргументи  на база на кафански муабети, на база на шпекулации, на база на посакувани сценарија кои тие очигледно ги креираат на дневна основа, но најважно е како ќе ги затворат. Јас ќе кажам како што си ги отворија без докази така и ќе си ги затворат без докази. Затоа што не може вие со повторување на една ноторна лага за која се свесни дури и малите деца дека едноставно не држи вода, да ја направите вистина.

Јанкулоска додава дека тоа не поминува нити кај македонскиот народ, нити на друго место.

-Впрочем целата оваа активност и на Зоран Заев и на Катица Јанева, и на чадорот што ги штити, координира и опструира во изминативе две и пол години очигледно не вроди со плод. Иако некој се запраша па зарем е можно да се потрошат толку пари, ресурси и енергија, знаеме ние колкави буџети на располагање има СЈО и со какви фондови оперира СДСМ, и да дојдете до една ситуација после една таква условно речено жестоко негативна, неаргументирана кампања, вие повторно да бидете губитник на изборите. Затоа што губитник на овие избори не е само Зоран Заев и СДСМ, губитник е и СЈО бидејќи тие беа истурениот играч во кампањата на СДСМ. Но губитник е и оној што проценил дека тие се личностите односно структурата која ќе ја спроведе агендата која ја замислиле за Република Македонија. Очигледно и ВМРО-ДПМНЕ како партија и поединците од ВМРО-ДПМНЕ , но и целиот македонски народ покажа дека луѓето се свесни и знаат да прават сопствена проценка и да дадат сопствен суд за нештата што се случуваат. И не им треба СОРОС со неговите марионети да им кажува која е лагата која е вистината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This