ЈАНУШЕВ: Владата не ја послуша СЗО да прави повеќе тестирања, логиката е тоа го прават за да ги штелуваат бројките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата не ги почитуваше препораките на Светската здравствена организација. Првата основна препорака на СЗО беше направете повеќе тестови. Логиката ми вели дека повеќе тестови не се прават за да се скрие реалноста и да се калкулира со бројките, вели Генералниот сектретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во „Заспиј ако можеш“ на Алфа.

-Слушавме изјави и од луѓе кои што директно беа вклучени и во комисијата и останатите медицински лица дека имаме капацитет само во јавното здравство да вршиме некаде околу 700 теста на ден, доколку се вклучат и приватните клиники тој капацитет неколкукратно ќе се зголеми, за да можеме да овозможиме тестирање од 2,3 можеби 4 илјади тестирања дневно. Логиката говори дека ќе имавме подобра ситуација од оваа денес, истакна Јанушев.

Тој посочи сите пареметри покажуваат дека Македонија многу лошо се справи со здравствената но и со економскта kриза која ја прeдизвика корона вирусот.

За жaл, по број на спроведени избори по број на жители сме предпоследни. Позади нас во целиот ово регион се само Албанија и Бугарија, сите останати држави се пред нас. По број на зaразени сме втори, повеќе од нас зaразени има само Србија. Сите останати држави се многу подобри од нас. По број на cмртни случаи сме втори во регионот. Сите параметри кои треба да покажат дека лошо сме се справиле со кризaта, вели Јанушев.

Тој додаде дека Филипче со владата на СДСМ, на Заев и на Спасовски не убедуваа дека се превземаат се превземаа, но ние бевме сведоци како медицинските лица а и граѓаните сами се снаоѓаа со заштитни средства.

Ова е убедливо најнeспособната влада со нај нeспособните луѓе во историјата на Република Македонија, јас, ваква нeспособност, вакво незнаење немам видено нигогаш и никаде, констатираше Јанушев.

А во целава оваа ситуација, додаде Јанушев, заборавивме и на распираторите кои требаше да се набават, па се поништyваше набавката. Целава ова кpиза, условно кажано ќе заври, а респиратори не видовме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This