ЈАНУШЕВ: Единственото решение е организирање на итни и неодложни предвремени парламентарни избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во интервју за КУРИР одговара на актуелните прашања поврзани со актуелната афера за предметот “Peкет”, како и политичката ситуација во државата.

Вели дека очекува сите актери во афeата да бидат откриени и caнкционирани. Јанушев се осврнува и на следните чекори на партијата во претстојниот период.

Како решение вели дека се итни и неодложни предвремени парламентарни избори.

-Заев во целата негова политичка кариера е склон на кажување на бисери. Тој не чувствува одговорност за тоа што се случува последниве три години. Единственото решение е организирање на предвремени парламентарни избори. Што е можно поскоро. Итни и неодложни. Потребна ни е држава во која ќе владее правото, а со оваа власт предводена од Зоран Заев и СДСМ тоа не е можно. Во однос на нашите следни чекори буквално ништо не е исклучено, вклучително и излегувањето на улица, можеби напуштање на парламентот, блокиpaње на институциите и се она што е демократски начин на изразување на волјата на граѓаните, потенцира Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во интервјуто дадено за „Курир“.

Целото интервју со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев може да го погледнете во видеото во продолжение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This