ЈАНУШЕВ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Силјановска Давкова води кампања со интелект, Пендаровски со зakaни, пpитиcoци и yцeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во тек се последните денови од изборната кампања за избор на претседател на Република Македонија, како изминува времето на неколку дена пред 21, така ВМРО-ДПМНЕ се повеќе го зголемува темпото и имаме една кампања каде што буквално се обидуваме да дојдеме до секој граѓанин да ги претставиме разликите пред се помеѓу нашиот кандидат, професорката Силјановска и кандидатот на позицијата, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Она што можам да го кажам во досегашниот тек на кампањата е дека видовме една значителна поголема разлика од една страна имаме професорка која што со својата појава плени со својот интелект и со својата докажаност во изминатото едноставно остава впечаток на човек кој што е редно време да се појави на македонската политичка сцена. Човек што ќе направи разлика во ова политичко разнебитување на македонската држава. Од друга страна го гледаме Пендаровски кој што заедно со СДСМ и Заев водат една очајна кампања каде што преку закани, притисоци и уцени се обидуваат да влијаат врз македонските граѓани. Еве  во пресрет на тоа имаме и веќе неколку ситуации каде што имаме и вербални напади и физички напади, и украден е изборен материјал од страна на активисти на СДСМ, истакнува тој.

Јанушев потенцира дека во предизборието имаше неколку случаеви каде што неколку штабови на ВМРО-ДПМНЕ беа обиени.

-Вчера имавме исто така ситуација каде што општинскиот комитет во Кавадарци беше обиен. Се надеваме дека конечно Спасовски и полицијата ќе се одважат и ќе излезат со некоја информација. Можеме само да им порачаме дека ова воопшто не не заплашува, напротив дополнително не мотивира и не охрабрува. И само да ги потсетиме дека сите оние кои што се огрешиле пред словото на Законот еден ден ќе одговараат. Денеска сме во посета на Општината Ѓорче Петров, ќе имаме повеќе средби со граѓани и ќе разговараме и ќе се обидеме на секој можен начин пред граѓаните да ги претставиме разликите помеѓу кандидатите за овие претседателски избори. Меѓутоа она што овој неуспех, оваа неспособност на владата исто така е забележена на локално ниво имено вчера на седница на Совет видовме како градоначалникот на еден брутален начин, на еден безмилосен начин и покрај сите предизборни ветувања за зголемување на зеленилото, за почист воздух овде пред Ѓорче Петровци како помина нова маркица за изградба на станбена зграда токму овде позади каде што на површина од некаде 14,5 хектари ќе се градат станбени објекти, рече тој.

Генералниот секретар на партијата вели: Кој е интересот на градоначалникот Наумоски, дали имаме тука заплеткани и лични интереси веројатно ќе оставиме на времето да покаже.

-Но исто така и ние како политичка партија ќе ги преземеме сите правни механизми за да го спречиме ова криминално работење, да го спречиме ова што е на штета на граѓаните. Уште еднаш врз основа на сето она кое што го кажуваме во изминатиот период, знаеме и убедени сме дека ќе биде жена и дека ќе биде професорката Силјановска, истакна Јанушев.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This