ЈАНУШЕВ: Партија во Македонија која што прва се декларирала за евроинтеграции во статутот е ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев при своето излагање на емисија на ТВ Тера посочи дека партијата од секогаш се има залагано за евроинтеграции, за влез на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Но оваа власт единствено ги манипулира граѓаните, а немаат сторено ништо освен што го потпишаа штетниот договор Преспанскиот.

Кога станува збор за државата, кога станува збор за нешто што е добро за сите граѓани, апсолутно е небитно од каде дошол предлогот за предвремена ратификација на протокол за членство во НАТО. Но ако е прашањето од каде дојде предлогот? Дојде од наша страна или конкретно од страна на претседателот Мицкоски беше предложено на лидерската средба која што ја имавме кај претседателот Пендаровски, кај што се договорија изборите. Но пак ќе кажам воопшто не е битно тоа што дошло од наша страна, кога нешто е добро за државата апсолутно е небитно од каде доаѓа, појасни Јанушев.

Јанушев додаде дека ова со НАТО всушност е успех буквално на сите претходни влади па до сега. Бидејќи секоја влада од 1991 па навака се залагала за ова истото.

Ако има партија која што нормално од големите политички партии и големите субјекти во Република Македонија што прва и официјално се декларирала и тоа го ставила како дел од своите статутарни заложби, значи во статутот на партијата за евро атлантски интеграции односно интеграциите во НАТО и ЕУ тоа е ВМРО-ДПМНЕ, истакна Јанушев.

Јанушев образложи дека во однос на европските интеграции со кое што Зоран Заев може да се пофали е дека се обидува својот неуспех во буквално сите полиња во општеството да го маскира и да го претстави пред граѓаните односно да ги излаже граѓаните дека сега ЕУ ќе ни ги реши сите проблеми. А, тоа е тотална лага. ЕУ бара од нас, од нашата држава да ги решиме тие работи за да можеме да влеземе и да бидеме полноправни членки.

Забораваме уште неколку битни работи дека со промена на името, или Преспанскиот договор ќе не примат, па што не не примија до сега? Еве, година ипол помина, ако тоа беше единствената работа за што тоа го направија, зошто се уште не сме? И најбитната можеби работа, ние не влегуваме во ЕУ, ние само ќе добиеме датум да застанеме во долгата редица на чекалната за по 10-тина, 15-20 години да влеземе во ЕУ. Што е многу поразлично од влез во ЕУ и тоа го користи Заев и сите околу него повторно да ги лаже и манипулира граѓаните. А, јасно и гласно ни кажуваат од ЕУ седнете дома, завршете си ја домашната задача. Мислете дека доколку Швајцарија и Норвешка посакаат сега да изразат желба за ЕУ, нема да бидат примени, запраша Јанушев.

Јанушев рече дека во март ќе видиме дали Република Македонија ќе добие датум за отпочнување на преговори со ЕУ. Апсолутно добро и позитивно ќе е да Македонија да добие датум за отпочнување на преговори со ЕУ. Иако според власта датумот три пати го добивме дури и го прославувавме по плоштадите на државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This