March 29, 2024, 12:34 pm

ЈАНУШЕВ: По 12 Април СДСМ ќе одговара за прекршување на Уставот и законите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Радио Спектар„ зборуваше за престојните предвремени парламентарни избори каде посочи дека очекува дека ова можеби ќе бидат најтешките избори во историјата на Република Македонија.

– СДСМ на чело со Заев се спремни буквално на се само да си ја спасат кожата бидејќи ако сакаме навистина да бидеме поинакви од се што било претходно значи сме решени буквално да не заборавиме, да не простиме и секој кој што се огрешил да одговара. Политички прогон не, реваншизам дефинитивно не, меѓутоа дословна примена на Уставот и законот. СДСМ се свесни колку многу се огрешиле, колку многу го прекршиле Уставот и законите и за тоа ќе има одговорност. Очекувам дека се спремни буквално на се само за да си ја спасат кожата и да останат на власт. Но, тоа нема да ги спаси бидејќи што и да направат, народот е тој кој што одлучува. Сите овие работи кои ги прават од земјоделие, од вработување секојдневно огласи, непотизми, до сите пречки кои се обидуваат да ги прават во техничката влада оди во насока на тоа. Но, народот тоа го гледа и народот ќе ги казни на 12 април, истакна Јанушев.

Генералниот секретар Јанушев им порача на СДСМ дека за некои 80 дена ќе им следи еден од најголемите порази кои што ќе ги доживеат или ги имаат доживеано на политичката сцена.

-Очекувам пред се од Државната изборна комисија но и од Министерството за внатрешни работи како најдиректно вклучени и со најголеми ингеренции во однос на самиот изборен процес да ги преземат буквално сите мерки, буквално сите активности да имаме едни фер, демократски избори каде што сите обиди за поткуп, уцени и било какви други противзаконски дејствувања ќе бидат најостро санкционирани, порача Јанушев.

Имено тој во своето гостување потсети дека дека за изборен криминал казните се највисоки и ако некој се дрзне да направи било каков криминал во однос на изборите тој треба буквално да биде санкциониран и не треба да се прости на никого.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This