ЈАНУШЕВ: Филипче ја користи ситуацијата за профитирање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во ситуација кога Скопје е новиот епицентар на корона вирусот со 36 случаеви и кога вирусот се шири низ целата држава (Дебар, Штип, Гостивар, Охрид, Кавадарци … Филипче освен со фактографски податоци за ситуацијата преку “голиот” популистички PR, не заборави и да ја искористи вонредната ситуација за да “истера” уште некој тендер! Народски кажано: “Дно дна”!, ова на Фејсбук го напиша генералниот секеретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

januse

Пред 2 дена (19.03.2020 година) Филипче вели дека постапката за набавка на респиратори не е завршена и дека допрва следи процесот на аукција на намалување на цените … и дека не е точно дека нешто се држи во тајност или се користи некаква ситуација.

Вчера (20.03.2020 година) истиот тој Филипче … или можеби Венко … вели дека проблемот е што машините во овој момент се запрени во Бразил со одлука на нивната влада. Со интензивна комуникација на МНР и нашиот амбасадор во Бразил се обидувале таа бројка на машини да ја ослободат. Тоа е единствениот (добавувачот) кој што може да ја достави бараната бројка на респираторни машини за многу краток период.

Внимавајте, во помалку од 24 часа, Венко Филипче прво тврди дека набавката е во тек и се уште не е направена аукција, а веќе следниот ден дека веќе е одлучено од Бразил да стигнат респиратори!

И додека Венко Филипче е “изгубен во простор и време” за буквално се, освен за тендерите, еве – чисто за пример, што превземаат властите во Хрватска: арената “Загреб” се подготвува како секундарен центар за оние пациенти кои немаат тешка клиничка слика, односно за пациенти со средно тешка клиничка слика на кои не им е потребен кислород и други интензивни мерки на лекување, а во истовреме хрватската армија подигнува шатори и експедитивен камп пред болниците за сместување на заболени пациенти, стои во статусот на Јанушев.

Во ситуација кога Скопје е новиот епицентар на корона вирусот со 36 случаеви и кога вирусот се шири низ целата држава…

Posted by Igor Janushev on Saturday, March 21, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This