April 24, 2024, 11:57 pm

ЈАНУШЕВ: A што може да се очекува од еден aболициpан kpиминалец oсвен да им помага на „своите”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на kpимално-рekeтарскиот картел на СДСМ – Зоран Заев, кој истовремено е и премиер, тврди дека буџетот ќе остане развоен, односно се водело сметка за развојната компонента?!

Заев исто така се “пофали” дека ова е чесен ребаланс на буџетот!?!

“Чесно” е тоа што се предвидени дополнителни 13 милиони евра за Фондот за пензиско осигурување и за зголемување на платите за 5% во јавниот сектор и 6.5 милиони евра со кои ќе се субвенционираат сите фирми што ќе ги покачат платите до 100 евра, при што истите ќе плаќаат само персоналец, а Владата ќе ги подмири придонесите, иако експертите тврдат дека на овој начин им се помага на оние што работеле нeлeгaлно!

Се yдиpa шамар на сите оние кои работеле чесно, без гаранција дека 100те евра нема од сметката на вработените да завршат на раката на работодавачот. Познавачите велат ова е мерка за компаниите на Заеви.

Но, што може да се очекува од еден aболициpан kpиминалец? Освен, нели, да им помага на “своите”?!?

“Развојно” е огромното кратење на капиталните инвестиции за 50 милиони евра. По kaтacтрофалната реализација на капиталните проекти од само 24.5% во првите 7 месеци, сега истите се кратат од 420 на 370 милиони евра. Помалку пари ќе има за железницата, патниот Коридор 10, руралниот развој, водоснабдувањето, за изградба на основни училишта, за универзитетот „Мајка Тереза“.

“Развојно” е тоа што реалниот БДП во последен квартал на 2018 споредено со прввиот квартал од 2019 година е паднат за 211 милиони евра.

Околу 70 милиони евра субвенции од последните неколку години се уште не се исплатени. Не се исплатени ниту дополнителните мерки кои им беа ветувани на земјоделците.

Странските директни инвестиции бележат пад од 84.2%, односно од 310 милиони евра се паднати на 49 милиони евра, за периодот јануари-јуни оваа година во однос на лани.

Во Македонија, со Заев се развива само kpиминалот, напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Шефот на кримално-рекетарскиот картел на СДСМ – Зоран Заев, кој истовремено е и премиер, тврди дека буџетот ќе остане…

Posted by Igor Janushev on Wednesday, September 4, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This