ЈАНЧЕВ ОТВОРЕНО РАБОТИ ПРОТИВ МИЦКОСКИ И МАКЕДОНИЈА: Му помага на Заев да добие пратенички гласови за уставни измени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев јавно призна дека сретнал со Заев минатата сабота во еден од струмичките хотел на негово барање. Имено на средбата како што тврди Јанчев се разговарало за процесот на уставни измени и поддршката на опозициските пратеници на процесот кој е спротивен на волјата на граѓаните. Тој на Заев му ветил помош во борбата против Мицкоски кој се обидува да ги опструира уставните амадмани.

Јанчев тврди дека на средбата на која бил со Никола Тодоров воопшто не бил споменат притворот на Сашо Мијалков. Вели тоа е процес кој го водат правосудните институции и во кој ние не се мешаме.

„Ветивме помош против опструкциите од страна на Христијан Мицкоски во делот на уставните амандмани во интерес на државата. Тоа ќе биде транспарентен процес без задни намери за никого. Јас како Митко Јанчев очекувам што повеќе пратеници да се вклучат во процесот на уставни измени се со цел да се подобри Договорот од Преспа и да се зајакне идентитетот за доброто на сите граѓани на Р.М.“ – вели Јанчев за ТВ 24.

Со оваа изјава Јанчев конечно призна дека одамна соработува со Заев со цел спроведувањее на уставните измени спротивно на волјата на граѓаните и сега веќе и отворено работи против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и македонскиот народ. Да потсетиме дека на средбата присуствувал и Никола Тодоров, кој беше исклучен од партијата, додека Јанчев беше сменет од потпретседателската позиција, ваквата одлука на Централниот комитет на партијата се случи поради нивната соработка со Заев за добивање на пратенички гласови за уставните измени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This