ЈАНЧЕВ СО ПРОЕКТ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ НА ЛОЗАРИТЕ: Отварање на дестилерија која ќе има обврска да го откупи целото грозје кое не било откупено од визбите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грозјето е жива материја. Најголем проблем кај грозјето е што едногодишниот род има технолошка зрелост. Кога ќе ја постигне технолошката зрелост доколку не го соберете плодот и не се преработи, потоа се расипува. Статистички 5-7 години наназад има години со многу и со малку род. Оваа година родот е мал и нема да има проблем со откупот, бидејќи помали количини се. Минатите две години имаше голем род и тешко се пласираа, вели во гостувањето на ТВ Алфа, кандидатот за градоначалник на Општина Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев.

-Ние планираме да направиме проект каде секое вишок грозје кое нема да се откупи, во тој погон или фабрика, таа дестилерија да мора да го откупи по пазарна цена. Кога ќе го откупи имаат 24 или 48 часа да го преработат грозјето. Го преработуваат грозјето и се претвора во гроздов концентрат кој во рок од 8-10 месеци може да се понуди на берза или да го продавате како таков. Доколку таа година има лош пласман за гроздовиот концентрат, истиот погон ќе има можност да има дестилерија и да го дестилира во алкохол. Ако се дестилира во алкохол нема веќе расиплива вредност, има трајна вредност која ќе оди на берза или во државна резерва. На овој начин се решава еден хронолошки проблем, вели Јанчев.

Јанчев вели дека на овој начин лозарите ќе бидат релаксирани бидејќи ќе знаат дека ако не успеат да се договорат со винариите, ќе има каде да го однесат својот производ. Тој додава дека пласманот за гроздов концентрат постои на берза, како и дека цената за преработка од грозје до алкохол е економски исплатлива.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This