Јан, синот на Влатко Стефановски: Од критичар во публика до талент на сцена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако за време на минатите концерти на својот татко беше дел од публиката, минатиот викенд младиот Јан, син на легендарниот гитарист Влатко Стефановски, местото од публика го замени со сцената. На изненадување, но и воодушевување на присутните за време на концертот ,,All you need is love” младиот Стефановски го покажа својот талент на тапани.

Јан настапи на иста сцена со неговиот татко и со музичката ѕвезда од Хрватска, Џибони во ВИП Арена Борис Трајковски. Влатко го најави скромно, како млад музичар на тапани и негов син, а публиката го прифати одлично. И по неколку дена од настанот на социјалните мрежи се споделуваат фотографии и снимки од неговиот перформанс, со коментари дека семејството Стефановски има нова музичка надеж.

Во март годинава Влатко Стефановски одржа три концерти во Македонската Филхармонија, и за ,,Фокус” раскажа дека е многу горд што неговиот син Јан за време на првите два концерти бил дел од публиката, но и како со тек на време, како што созревал, станувал негов најголем критичар.

-За време на првите два концерти Јан беше во публиката и тоа многу ми значи. Вечерва нема да биде присутен, бидејќи заминува на екскурзија. Ќерка ми Ана не присуствуваше бидејќи е во Америка. Со гордост можам да кажам дека Јан ме знае најдобро, и веќе ми укажува на грешките, тој е мој искрен критичар, но и најголема поддршка – ни изјави пред третиот концерт виртуозот на гитара.

Изминатиот период беше доста тежок за фамилијата на музичарот. Кон крајот на 2017 година Влатко ја изгуби сопругата Гордана со која што беше во брак 35 години. Тогаш изјави дека утеха наоѓа во музиката, но и грижата за ќерката и синот. Минатиот месец пак, по кратко боледување почина неговиот брат, познатиот драматург Горан Стефановски. Младиот Јан тогаш со емотивна порака на социјалните мрежи се прости од својот чичко, порачувајќи дека му е бескрајно благодарен за љубовта и грижата кои тој му ги пружил уште кога бил мал.

Вики Клинчарова
Извор:фокус

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This