Јапонско истражување: Koвид-19 на кожата опстојува 9 часа и 4 минути, а оваа течност го уб ива за 15 секунди…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најновото истражување кое што го спровеле јапонските научници покажува дека коронавирусот може да опстане на човечка кожа и до девет часа, пренесува канадски „Global News“.

Експертите велат дека овие резултати не се толку алармантни како што звучат, а примероците од коронавирусот се пронајдени на починати луѓе еден ден по нивната смрт.

Откриено е дека Ковид-19 може да живее најмногу до девет часа и четири минути, односно, пет пати повеќе отколку патогените кои што предизвикуваат обичен сезонски грип.

Истражувањето исто така покажало дека 80-отстотен етанол може да ја убие короната во рок од 15 секунди.

Синтија Кар, епидемиолог од Винипега во Канада вели дека тоа за неа е важен податок:

„Доколку знаеме дека миењето на рацете може брзо да го убие вирусот, тогаш ајде да се држиме до тоа. Не треба да паничиме и нон-стоп да се тушираме кога ќе дојдеме од надвор дома. Само треба да сфатиме дека вирусот е на нашите раце и дека може да ни се случи со рацете да се допреме на носот, устата, очите и така да му дадеме шанса на Ковид-19 да се развие во нашиот организам“, изјавила Синтија Кар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This