ЈАСЕН Е МОТИВОТ ЗА СИНОЌЕШНИОТ НАПАД НА СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ: Власта го дефокусира народот од договорот кој Заев го потпиша со Грција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синоќа беше нападнато партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Вандали фрлале со камења и боја кон зградата, а штетата која ја направија е очигледна.

Но, што навистина стои зад овој случај?

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за вмешаност на структурите на Власта, јавноста која го осудува настанот вели дека кој и да стои зад ова, нема да му успее да ги спречи да го кренат гласот против промена на уставното име.

Синоќа среде Скопје се одржа голем протест против Договорот кој Заев го потпиша за промена на името на Република Македонија. Гневот кај народот е очигледен, како и одлучноста да не дозволат Владата на СДСМ да ја распродава државата.

Пред македонското Собрание се случи мирен протест на кој се пееја македонски песни, се вееја македонските знамиња. Народот беше сплотен и испраќаше моќни пораки бранејќи го уставното име.

Од друга страна, само неколку метри подалеку, се случи вандалски чин.

Кому не му одговара сплотеноста, туку посакува раздор кај народот? На Власта со сигурност не и одат во полза масовни протести на кои се искажува незадоволството од нивните политики. Револтот кај граѓаните за договорот со кој Заев го менува уставното име, е огромен. Тие покажаа дека се подготвени да се сплотат по ова прашање и можеби некого му паднало на памет, дека само со напади од овој вид и нанесување на страв, ова би можело да престане.

Јанушев: Зад кукавичкиот напад на партиското седиште стојат инсталации на власта со цел да ја втурнат ВМРО-ДПМНЕ во насилно сценарио, по што сакаат да ја делегитимираат во борбата против смена на името

Синоќа беше нападнат и кукавички каменуван централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, инфрмира генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.

-Нападот на ВМРО-ДПМНЕ е акт на насилство и вандализам, но и напад на сите оние кои ги штитат македонските национални интереси. Индициите за ова говорат дека одговорни за ваквиот напад е структури блиски до власта, по принципот на Шарената револуција. На што го темелиме ваквото убедување? Веќе подолг период ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека власта предводена од Зоран Заев има насилно сценарио спроведувано од свои инсталации и полициски структури чија цел е да го турне ВМРО-ДПМНЕ во насилство како би можело полесно да се делегитимира нашата борба против капитулацијата на Заев во договорот со името, истакна Јанушев.

Тој оценува дека власта преку овие и слични провокации посакува нов 27-ми април каде Заев би се прикажал за жртва, а ВМРО-ДПМНЕ би била оцрнета.

-Првиот таков неуспешен пример беа насилните протести пред Собранието, каде за жал, колатерална штета беа недолжни граѓани, жени и деца. Тоа е целта и на вечерашниот напад за кој е многу веројатно дека ќе сака да се прикаже како наводно незадоволство на незадоволниците од ВМРО-ДПМНЕ, а впрочем вистинската одговорност лежи во оние кои ја имаат власта. ВМРО-ДПМНЕ има прецизни информации за оперативци од полициските структури кои финансираат и подбуцнуваат насилство кое треба да се насочи кон ВМРО-ДПМНЕ, истакна синоќа Јанушев.
Генералниот секретар вели дека ВМРО-ДПМНЕ има информации дека во ова се вклучени и лица од раководството на СДСМ.

-Впрочем, на сето ова претходело и средба во едно од скопските кафулиња каде лица од СДСМ биле во друштво со лица со дебело полициско досие, при што биле стимулирани да предизвикаат насилство. Ова е вистинското диктаторско лице на Зоран Заев. Во негови раце е и полицијата, судството и сите механизми, да го спречи сето ова и да ги открие сторителите. Ова е сериозен удар на демократијата. Ова е удар на демократските процеси каде главната опозициска партија е под напад. Овој начин на функционирање е препознатлив само во афричките диктатури, истакна Јанушев.

Според него, ова е сериозен доказ дека власта ја губи контролата.

-Очекуваме жестока реакција и од меѓународната заедница која на дело може да види како функционира картелот на власт. Сега ќе се обратам до оние кои јалово се надеваат дека ќе не втурнат во сценарио од кој што бенефит би имале оние кои ја распродаваат државата на економски и политички план: Ние сме В М Р О! И треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се поколеба ниту милиметар во своите ставови во однос за договорот за името. Овој чин не прави поупорни и похрабри … поупорни и похрабри да истраеме во нашето право да се спротивставиме со сите демократски средства на овој договор, рече синоќа тој.

Јанушев ги повика сите членови да се воздржат од било какви провокации од страна на власта.

-Ваквите сценарија се најдобар показател дека Зоран Заев ја губи контролата и поддршката од граѓаните. Ќе истраеме … ќе истраеме затоа што имаме план! Очекуваме соодветна реакција од надлежните органи, и предупредуваме дека како партија која го има најголемото членство во иднина ќе бидеме приморани да се самоорганизираме со цел да обезбедиме минимум безбедност. И тоа е наше право. Ве уверувам дека брзо ќе дојде денот кога одговорноста за ова и за многу други работи … за пустошот на Република Македонија ќе биде поставена пред законите и правната држава. Ако некој се сомневаше, сега мора да се биде сигурен дека Зоран Заев ќе падне и ќе одговара, а Македонија ќе победи, порача Јанушев.

Пандов: Спасовски да ги уапси сторителите на синоќешниот напад- насилието и теророт против политичките неистомисленици, многу лесно може да избега од контрола

Правото на мирен протест е загарантирано право на секаде во светот, но не и во Македонија! Ако само пред една недела видовме, а дел од нас и ја осетивме бруталаноста на полицијата под команда на Оливер Спасовски и Зоран Заев, синоќа за време на одржување на мирен протест, погоре споменатите ликови ги пуштија своите гавази да го нападнат шатабот на ВМРО ДПМНЕ. Пораката од минатата недела е иста како и синоќешната, внесување на страв и несигурност кон секој поединец и политичка партија што ќе се спротистави на оваа хунта, пишува политичкиот аналитичар Александар Пандов на својот Фејсбук профил.

-Двајцава можат да тепаат, фарбаат, фрлаат хемиски отрови и шок бомби кон недолжно населени и никој ништо не им може. МВР е партиски штаб на СДС, обвинителство и судство се корумпирани, а за граѓанско-невладиниот сектор веќе не ми се ни пишува, ни збори какво дно се. Грѓаните кои го подржуваат СДС или пак се против ВМРО, гледаат сеир! Сакам да предупредам дека ваквото насилие и терор против политичките неистомисленици, многу лесно може да избега од контрола и Македонија да отиде во правец во кој се уште верувам дека ни Спасовски, а ни Заев не сакаат да ја турнат. Ако во текот на денешниов ден Оливер Спасовски не излезе на прес конференција на која ќе информира дека се уапсени сторителите на синоќешниот напад, тогаш ви тврдам дека истите нема да бидат пронајдени, а во наредниов период треба да се очекува уште пожестоки напади од нивна страна, додава Пандов.


СДСМ со реакција каква што Јанушев најави дека ќе има

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, синоќа изјави дека инсталациите на власта ова го прават со цел да се прикаже нападот како наводно незадоволство на незадоволниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес од СДСМ испратија токму таква реакција.

-Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го осудува нападот на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и секаков друг вид на насилства коишто ја загрозуваат безбедоста. Како одговорна партија, отфрламе каква било поврзаност со случајот, СДСМ никако не може да биде виновен за поделбите внатре во опозициската партија. СДСМ јасно и недвосмислено беше дел од Шарената револуција во вистинските моменти кога државата требаше да се спаси од криминалот, поделбите и изолацијата, и тоа не го криеше. Во улога на владејачка партија, СДСМ ја води државата напред и работи исклучиво во интерес на граѓаните. Очекуваме сите надлежни институции, согласно нивните законски надлежности, да го расчистат овој случај. ВМРО-ДПМНЕ мора конечно да ја напушти поразената матрица на конфликт, деструкција и поделби, да покаже елементарна политичка одговорност и во интерес на граѓните да се одлучи ЗА македонската иднина, реагираа од СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This