Јасмина Мукаетова, македонска фолк пејачка: Почнува да се гледа светлината на крајот од тунелот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“Се што правам сега во музиката е тоа дека пеам за своја душа. а свирам и интезивно на пијано. Особено тоа беше во изминатите месеци, кога останувавме затворени по дома поради вирусот, што ми овозможи времето да го поминам со мојот омилен инструмент. Пред две години снимив обработки за “Дејгиди луди млади години“ и “Море сокол пие вода на Вардарот“, а сега во Америка имам сосема друга професија, така да далеку сум од естрадата“

Кога се појави на македонската фолк естрада сите ги остави без зборови. Некои занемеа, се разбира поради тоа што беа воодушевени од нејзиниот физички сексапилен изглед, а погелемиот дел занемеа поради нејзиниот карактеристичен начин на пеење и нејзините хитови кои и денс ги слушаме….Јасмина Мукаетова таман кога се најде на врвот на естрада, замина од Македонија, со билет во еден правец. Денес живее и работи во Америка, во државата Њу Џерси, стана мајка, семејна жена и веќе професионално не се занимава со естрадните настапи. Но остави длабока трага на нашата естрада. За весникот ВЕЧЕР/vecer.press од преку “големата бара“, кажува за времето на коронавирусот, за спортските афинитети на своите деца, за повторно доаѓање во родониот крај….

0Како је преживеа ситуацијата со коронавирусот во Америка?
-Се започна како и секаде некаде на почетокот на март. Короната ги затвори границите на Америка, авионите престанаа да летат, но тогаш уште мерките за заштита беа благи, немаше полициски час. Некаде на средината на мај со порастот на заразените и болните државата Њу Џерси каде што живеам јас, беше во црвената зона за кусо време.Беше тешко, но издржавме, внимаваме колку што можевме.
0 Сега е малку подобро или….?
-Моментално, ситуацијата е многу подобра и делува оптимистички.Учениците тргнуваат на училиште. Рестораните се отворија.Тргна животот. Да се надеваме дека конечно ке се вратиме назад на нормален начин во секојдневието.
0 Но и музиката во Америка е на работ на провалија, многу музичари останале без работа, сепак ти сега од музиката не живееш….
-За жал во цел свет музиката стагнира и навистина е тажно ова време за луѓето кои живеат од и за музиката. Јас кога дојдов во Америка немав сериозни музички ангажмани, бидејќи почнав да се занимавам со друга дејност, а и некако од далечина ми беше невозможно да бидам присутна на естрадната сцена во Македонија. Сега се што правам е тоа дека пеам за своја душа. а свирам и интезивно на пијано. Особено тоа беше во изнимативе месеци, кога останувавме затворени по дома што ми овозможи времето да го поминам со мојот омилен инструмент, да си го збогатам опусот.
0 Всушност,која работа ти е сега во Америка?
-Како резултат на моето долгогодишно работење во областа на транспортот, кога дојдов тука во Америка, почувствував потреба да го усовршам моето познавање од областа на бизнисот. Парелелно со сите други обврски се вратив на книгата и ја започнав програмата на МБА-мастер за бизнис администрација – “концентрација програма за човечки ресурси“, така се вика. Овој нов предизвик ме врати назад во клупите на времето кога студирав во Скопје. Прекрасно искуство и тогаш и сега.

0 Кога планираш да дојдеш пак во родната Македонија?
-Се е одложено поради короната. Се надевам дека наскоро ситуацијата ке се стабилизира , па ке имам шанса пак да патуваме. Како оди тоа знаете, носталгијата е силна, но не се давам. Сепак во Америка ми е најтесното семејство. Посакувам да можам да слетам на тлото на родната земја која во срцето си ја носам. Ова е прво лето прескокнато, ама целиот свет дефинитивно застана. Јас секогаш имам оптимистички мисли, верувам ке биде многу подобро, ке дојдат поубави времиња за сите. Мислам дека веке почнува да се гледа светлината на крајот од тунелот!!!
0 Колку твоите деца се музикални или можеби имаат интерес кон некоја друга професија?
-Децата се музикални, свират на пијано и труба, ама ете не гледам дека се премногу амбициозни за музиката. Немам јас преголеми очекувања за некоја нивна сериозна музичка кариера. Тоа им е така повеке како хоби. Нив ги интересира спортот, вљубени се во фудбалот, па тренираат фудбал. Немам ништо против тоа. Јас и дополинетно ги форсирам во повеке други активности за да ги тргнам малку од компјутерите телефоните кои станаа проблем во ова новото време.

0Да се обложиме дека тебе музиката многу ни недостига, самата естрада, фестивалите, концертите, дружбите со колегите од Македонија….?
-Да, музиката ми недостига , од секогаш, ја доживував, како составен дел од мене , но не како единствена егзистенцијална поддршка. Но, некако немав доволно доверба во неа дека треба да ми биде единствена животна определба од која треба да заработувам.Затоа и почннав да се занимавам со друга дејност. Едноставно работењето во трета смена како што обично бива со музиката и музичарите, не се совпаѓа со мојот биоритам. Сепак љубовта кон песната останува засекогаш, и затоа понекогаш кога се враќам во Македонија се обидувам да направам некој музички проект. Пред две години снимив обработки за “Дејгиди луди млади години“ и “Море сокол пие вода на Вардарот“, а за првата снимив и видео во Тиквешкиот регион. Се надевам дека во иднина , доколку ми дојде “при рака“ некоја добра песна ке се појавам и на некој од фестифалите, кои се сега некако заборавени и запоставени. Македонија има врвни музичари и пеачи, верувам дека ке дочекаат подобри времиња. Конечно македонската музика која соседите ни ја копираат, ќе го добие местото кое го залужува. Вистинските вредности излегуваат на виделина и остануваат забележани засекогаш.Ние Македонците тоа го имаме.
0 Што би се рекло, ти си утрински човек, естрадата ти е во втор план. ?
-Токму така,јас сум навистина утрински човек! Сакам да станам рано и да го имам пред себе денот, да го исполнам со работни активности кои ме исполнуваат. Оваа ситуација со коронавирусот си го направи своето, па за среќа моја што не сум сега на естрадата. Секогаш треба да се размислува за некоја друга опција, да си имаш и некоја друга професија. Во Америка скоро сите работат по две,три професии и убаво си заработуваат. Добро, сега со вирусот и тука е кризата, но велам дека јас сум оптимист и ќе се вратат тие добри времиња. Да се стрпиме, да сме живи и здрави!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This