ЈАСНО Е КОЛКУ СЕ ГРИЖАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Отсуството на министрите на пратенички прашања само го отсликува односот на целата влада на СДСМ кон граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Kоординаторот на пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, Никола Мицевски повика на посeриозен однос од страна на 28-те министри од владата на СДСМ кои скоро никогаш не присуствуваат во салата кога на дневен ред се пратенички прашања.

-Денеска од 28 министри во собранието се присутни само 5. И ова не е прв пат. Односот на министрите од 28-те министерства во владата на СДСМ кон пратениците, го отсликува односот на целата влада кон граѓаните. Ова е веќе редовна пракса, на пратенички прашања кои се одржуваат еднаш месечно, да ни доаѓаат замениците министри, а некои министри во оваа сала немаат ни влезено од денот кога станаа министри. Затоа би замолил за посериозен однос и барем на последните пратенички прашања на оваа влада на заминување, да бидат присутни министрите за да можеме да ги поставиме прашањата, рече од говорницата Мицевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This