April 26, 2024, 10:17 am

ЈАСНО КАКО ДЕН; „Октоподот на власта бара Peкет 1 и Peкет 2 да бидат зaбoшотeни“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членки на Европската Унија посочуваат дека Македонија мора да испорача борба со висока корупција, а Октоподот на власт во Македонија бара можност да бидат забошотени скандалите Рекет1 и Рекет2. Рекет2 е класичен случај на висока корупција, во кој што, според кривичната пријава и сведоштва на оштетената страна, владини функционери спречувале странска компанија да инвестира, да купи домашна компанија, постои сомневање за рекетирање, сомневање дека државни функционери наметнувале кому да биде продадена компанијата, постои сомневање за злоупотреба на позиции и на институции како Обвинителството и на Управата за Финансиско разунавање, поведени чисто од лукративни причини. И истрагата на обвинителството за тоа тапка во место, или молчи иако според законите и според нормите заради јавниот интерес може да информира како тече истрагата и дали во неа се опфатени високи државни функционери, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Згора на тоа, Зоран Заев се уште не ги дава Ден Дончев и Венко Филипче, не бара нивни оставки, не се дозволува колку- толку кредибилна истрага. Додека се на функции влијаат на докази, на сведоци, може да го повторат делото, може да вршат слични злоупотреби врз други компании, на штета на здравјето на граѓаните. Ниту власта се откажува од нив, ниту пак обвинителството тоа го бара. Напротив, Заев лично посведочи дека Обвинителството наместо борба со висока корупција, корупција на функционери, ја известува власта за своите сознанија и намери. Зоран Заев, Ден Дончев и Венко Филипче практично ги признаа наводите во кривичната пријава за Рекет2. Признаа дека спротивно на нормите пред странски инвеститор навеле наводен криминал и истрага за него пред воопшто истрага да почне- што се толкува како намерно лажење, се демантираат па се признаваат контакти со Зоран Милески Кичеец лицето обвинето во Рекет1, се признава дека финансиите добиени од продажба на приватна компанија се замрзнати речиси цела година, а нема резултат од наводната истрага за криминогено работење. Во недостаток на информации, јавноста со право се сомнева и прашува за месечни транши исплатени за Рекет пред да биде извршена продажбата, се сомнева за рекетирање на бизнисмен по продажбата со барање на дел од исплатените пари од продажбата, се сомнева за вистина постоење на Благајник со Брада во Струмица каде завршувале месечните рекетирани исплати, се сомнева во декларираните намери на Октоподот да предупредат и дека зад тоа стои криминал и корупција. Ова не е случај кој што може да остане забошотен и без влијание за перцепцијата за државата и за системот, се работи за компанија, Шведски гигант во здравствените услуги, за тоа се запознаени и дипломатскиот кор во земјата, запознаени се меѓународните институции, запознаени се и пишуваат странски медиуми, изјави Стоилковски.

Тој додаде дека Македонија мора да расчисти со октоподот на власт, мора да се преземат вистински зафати во обвинителството, мора да се урне спрегата на октоподот, бидејќи се друго води кон натамошна девастација и уништување на државата и осиромашување на граѓаните. Потребна е обнова на Македонија. Избори се неопходни за Македонија, фер и демократски избори мора веднаш да бидат распишани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This