ЈАС И ЗАЕВ, ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ СМЕ ПРОЗАПАДНО ОРИЕНТИРАНИ: Која е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервју за Курир.мк, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објаснува дека тој и Заев, но и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се прозападни политички опции и дека кованицата „антизападен“ е само димна завеса со која треба да се покрие продажбата на името. Мицкоски објаснува дека разликата во погледите не е во гледањето кон исток или запад, но во начинот на спроведување на прозападните политики

„Измислиците околу онаа смешна кованица антизападен треба да им го покрие срамот со продажбата на името и она што го прават во Македонија. Јас и Заев, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сме прозападно ориентирани и целта не ми е да навлегувам кој суштински ги практицира европските вредности, тоа е тема за друга анализа, но она што сакам да го потенцирам е дека ние се разликуваме што Заев е за Северна Македонија со сменет идентитет и одземено достоинство, а јас сум за Република Македонија со зачуван идентитет и достоинство.

Затоа сите тие напади против мене треба да се „ДИМНА ЗАВЕСА“ од која нема да се види вистинската слика. Погледнете додека тие лажат дека сум бил антизападен, да ме престават изолира и слично, тие го продаваат името, ама тоа му доаѓа како она во рекламите, купите два сока, третиот доаѓа гратис. Па не само што го продаваат името, идентитетот, па и одлуките на АНСОМ ги бришат, а го воведуваат рамовниот договор.

Тука не е прашањето дали јас сум антизападен или не, јас Русија само на карта сум ја видел, прашањето е што Заев го продава името на шверцерски начин.“ – вели Мицкоски во интервју за Курир.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This