March 28, 2024, 10:52 pm

ЈАС НИКОГАШ НЕ СУМ ГИ ДВОЕЛ ЛУЃЕТО: Како што се борам и работам за Македонците, така се борам и работам за доброто на Албанците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во мега интервјуто за Република, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски говори и за имиџот кој му го наметнуваат како националист, но говори и за Законот за употреба на знамињата на етничките заедници со кои се овозможи нивна легална употреба, како и за поддршката на Албанците во образованието.

gruevski_sipkovica

-Колку што знам, токму во време на ВМРО-ДПМНЕ се донесе Закон за употребата на јазиците, а не во време на СДСМ, а за уставните амандмани во овој правец заеднички гласавме во 2002 година. И со ништо не сме го спречиле нивното спроведување. Значи, тие што ги тепаа и затвораа поради поставено знаме, поради отворен универзитет, не се националисти, а тие што ги ослободија политичките затвореници со специјален Закон за амнестија, кои донесоа Закон за употреба на знамињата, кои отвораат без проблеми универзитети на кои може да се учи на албански јазик, и уште се борат тие да се поквалитетни, и тие што донесоа Закон за употреба на јазиците, кој со ништо не го спречија во неговото спроведување, тие се националисти. Види мајката. А, да не е, можеби, така затоа што секојдневно медиумите финансирани од Сорос им го говорат тоа на Албанците?, вели Груевски.

gruevski_sipkovica2

Зошто не бевме националисти кога донесовме Закон за администрација пред две години со прецизни одредби за правичната застапеност на етничките заедници во секоја институција на државната администрација за при примањето на работа да се внимава на тоа и за тоа се изработи софтвер со прецизно направена формула. Значи прецизно одредено со закон.

-Што не бев јас националист кога доцна во ноќта во август 2015 година прв од сите политичари во земјата стигнав во Шипковица, во Мала и во Голема Речица, кога требаше да им се помогне на луѓето, да се спасуваат преживеаните, да се трага по исчезнатите, да се помогне со сѐ, на настраданите куќи, да се донесе механизација од цела држава, да се вклучи војската, да се донесат огромни спасувачки тимови, кога по телефон ги разбудив сите директори и министри барајќи веднаш да се вклучат во акцијата. Го прави ли тоа националист, кој мрази некого или сака да му направи штета? Слично беше и лани со поплавите во Гази Баба, колку што помагавме кај Македонците, толку помагавме во албанските села и домаќинства… Како што се борам за Македонците кога се на мака, така се борам и за Албанците. Никогаш не сум ги двоел. Сѐ друго е пропаганда. Лажна и валкана политичка пропаганда на неспособни луѓе, дециден е Груевски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This