April 25, 2024, 11:55 am

ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, КАРАКАЧАНОВ Е БУГАРИН, ДОСТА БЕШЕ , РЕАГИРА 3AEB НА HABPEДИТЕ ОД БУГАРСКИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев вечерва на својот официјален Фејсбук профил напиша дека македонскиот и бугарскиот народ сакаат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Во објавата, Заев кажа дека меѓу него и бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов етничката и идентитетската разлика не е единствена, туку поважна и посериозна е разликата во нивните светогледи.

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза“, стои во фејсбук статусот на Заев.

Пред два дена, Каракачанов, прашан за коментар за ставовите на Заев изнесени во интервјуто за „БГНЕС“, одговори дека „по стар бугарски обичај, нели знаете, на Бугаринот секогаш паметот му доаѓа следниот ден, така и со колегата Заев“ и додаде дека интервјуто е „мал чекор во вистинска насока“. Тој повтори дека Бугарија очекува од Македонија ставовите да ги официјализира во анекс на Договорот за добрососедство или во нов договор, или во протокол со јасен патоказ што и кога ќе се исполни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This