ЈАС ЌЕ ЈА СЛАВАМ ПОБЕДАТА ВО ПРВИ РЕДОВИ: Овие избори ќе бидат референдумско изјаснување за подобра Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното гостување на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во студиото на МТВ каде што одговараше на вкрстени прашања на новинарите од националните телевизии во државата,истакна дека тој верува само во победа на следните претседателски и парламентарни избори,со објаснување дека овие избори ќе бидат за подобра Македонија на сите граѓани а не со националистички предзнак како до сега.

-Јас сум победник, не размислувам на порази, и ќе победиме на овие претседателски и се надевам предвремени парламнтарни избори. Заедно со предлогот за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, јас ќе бидам во првите редови кој што ќе ја прослави таа победа“ истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека очекува поддршка од сите граѓани на Република Македонија без разлика на етничката припадност. Ова е референдумското изјаснување на следните избори“

„Очекувам поддршка, повторно ќе кажам, од сите граѓани на Република Македонија без разлика на нивната етничка припадност, без разлика на нивната политичка определба, партиска определба, кои што сакаат во овој момент да ја видат Македонија во правилна насока а не во погрешна како што ја води оваа влада на СДСМ и Зоран Заев.“

„ Не сакам да имаме етнички предзнак пред гласот, гласот е за подобра Македонија или за понижена,омаловажена и опљачкана Македонија, заклучи Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This