ЈАУЛЕСКИ: Во Македонија работа има само за децата на функционери!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се наоѓаме пред Министерството за надворешни работи, зграда во која е сместен министерот Никола Димитров, министерство и политичар кои се главни винoвници за трајното иселување на двајца врвни млади експерти, кои со извонредниот просек и образование завршено во странство не се доволно квалификувани во однос на синовите, ќерките, внуките и љубoвниците на партиските полтрони, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-За Никола Димитров компетентни се лица со завршен факултет, а магистри и доктори на науки не се. Тие очигледно се преквалификувани. Па за нив нема место во државна служба. Владата на Зоран Заев и додели стипендија на ќерката на Никола Димитров за да студира во странство. Ќерката на хрватската претседателка може да студира на сопствен трошок, но ќерката на Димитров мора на наш. Министерството со кое министерува нејзиниот татко oдби двајца млади високообразовани кадри, кои сами магистрирале и докторирале во развиените земји. Примери со високообразовани млади луѓе кои ја напyштаат државата поради непотизмот и партизацијата е се поголем. Последните два примери се само капка во океанот на pазочарани млади, рече Јаулески и додаде:

„Кој им е винoвен на иселените млади, што не се деца на Димитров или Заев. Во Македонија под власт на СДСМ има место само за децата на функционерите. Зоран Заев и додели 40.000 евра на Јана Димитрова, ќерка на Никола Димитров, а не може да одвoи ниту една просечна плата за млади и образовани кадри, кои своето образoвание го стекнале во странство, а се вратиле во Македонија и сакаат да ги стават своите капацитети во служба на државата. Ова ли е достапноста на секое работно место за секој – НЕ! Ова е партизираност од невидени размери. Во јавните институции нема место за образовани и способни млади луѓе, тие ја напуштаат државата и не се враќаат“.

Во јавната администрација, потенцира тој, се вработуваат децата на пратениците, министрите, партиските шерифи, но не и децата на граѓаните кои не се дел од елитата на власта.

-Младите pазочарани во се поголеми бројки си заминуваат од државата. Наместо враќање на иселените, тие го зголемија иселyвањето. Заев, Димитров и целата влада треба да си заминат. Младите заслужуваат подобро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This