ЈАУЛЕСКИ: Младите заслужуваат иднина, а не катрички за попуст!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше и претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јoван Јаулески. Тој зборуваше за погубната политика на Заев и СДСМ и мерките за намалување на невработеноста кои го забрзаа иселувањето на младите откако тие се на власт.

Две години нема никаков проект, ниту мерка, за сега откако илјадници млади се иселија да излезат со проект кој го нарекоа младинска картичка, а која наместо реална придобивка нуди минимални попусти во скапи локали

Јаулески зборуваше за полнте автобуси кои секојдневно ја напуштаат Македонија, празните училишта, и за десетиците работни визи издадени од странските амбасади на македонски граѓани.

Дарко Каевски и Зоран Заев се директно винoвни за голготата низ која поминуваат младите. Поради нecпособноста и неpаботата на власта, младинската невработеност во Македонија е најголема во регионот и во Европа. На младите не им требаат празни флоскули и картички за попусти, младите сакаат нормални услови за работа како нивните врсници од развиениот свет. Дарко Каевски и Зоран Заев не го овозможија ова. Дарко Каевски, Зоран Заев и целата влада треба да си заминат. Младите заслужуваат перспектива, а не унaзадување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This