ЈА ГУБИ ЛИ ЗАЕВ ПОДДРШКАТА ОД АМЕРИКАНЦИТЕ: Кога американските компании се бунат за даночните политики, работата не е на арно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако директорката на УЈП, Лукаревска од Штип даде изјава дека оваа установа е спремна за прогресивното даночење експресно со реакција излезезе Американската комора во Македонија.

Имено, во својата реакција тие потенцираат: Остро сме против непочитувањето на процесот на јавна консултација од страна на Владата и Министерството за Финансии во однос на Предлог-Законот за личен доход објавен на 3ти ноември преку Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР) без притоа да се испочитува рокот за забелешки и коментари кој завршува на 28ми ноември.

Ако се има предвид дека оваа комора до сега беше во тесна соработка и покровителство на сега веќе амбасадорот во заминување Џес Бејли, кој пак важеше за поддржувач на политиките на Заев, може да се заклучи дека критичната нота е се погласна.

Не е случајно што покрај Макеоднската Стопанска Комора, бизнис заедницата и голем број на даночни и економски експерти со ракција се јавува и токму Американската Комора, која под своја закрила има голем број компании кои се одлучија да инвестираат во Македонија во врема на претходната власт.

Токму овие компании, а особено ИТ компаниите ќе подложат на првиот удар за оданочување, а ќе ги обесхрабри да растат и прогресивно да ги зголемуваат платите на своите вработени. Со тоа, Македонија ќе ја намали својата атрактивност во однос на потенцијални нови инвестиции, а воедно и ќе го стагнира развојот на капацитете на веќе посточките странски инвестиции.

Оттука и реакцијата на Американската комора мора да се сфати сериозно, пред се затоа што конкретно посочува дека актуелната власт нема слух за потребите и проблемите на граѓаните и стопанството, а констатира и голем број пропусти и арогантност во однос на постапката.

Ако се знае од каде доаѓаше најголемата поддршка на Заев за неговото доаѓање на власт и спроведување на одредни агенди, овие реакции мора сериозно да се земат во предвид.

Значи ли ова дека Заев полека но сигурно ја губи поддршката од Американците?

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This