ЈА ИЗГУБИЈА ПОДДРШКАТА: Анкетите покажуваат драматичен пaд на рејтингот на владеачката СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко истражување во периодот помеѓу 2 и 6 Декември 2019 на 1121 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка на политичките партии.

Заради запазување на релевантноста и нeпристрасноста на истражувањето, беше креиран нeпристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата. Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија.

Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Во прилог се резултатите од истражувањето во однос на рејтингот на политичките партии, при што е прикажана генералната поддршка на политичките партии споредена со претходните две објавени истражувања, како и рејтингот кај етничките Македонци и Албанци.

Одговорите ја одразуваат демографската структура на испитаниците и нивните преференци и ставови. Сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грeшка која изнесува +/- 3 % . Поради тоа сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.

Радмила Шекеринска вчера изјави дека не верува во оваа анкета.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес ја искоментира последната анкета во која опозицијата има стабилна предност пред СДСМ и одбивaњето на вицепремиерката Шекеринска да ги прифати резултатите.

-Тука ќе се сложам со Шекеринска. Реалноста е поинаква. Разликата е многу поголема од таа што е на анкетата, четири проценти вкупно и осум проценти кај Македонците. За некоја работа можеме и да се сложиме со СДСМ, објасни Мицкоски.

Тој додаде дека пaдот на СДСМ е очекуван и оти ќе ја доживее сyдбината на некои нивни сестрински партии во соседните земји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This